skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Атина бара исполнување на сите обврски од Договорот од Преспа
Пратеници бараат изборен модел со една изборна единица
Тимот на СЈО разрешен, предметите во рацете на Јовески
ВМРО-ДПМНЕ бара смена на Русковска – на шефовското место да седи професор

Скопје под снег, Вевчани под маски – разговор со градоначалниците во Централниот дневник на 1ТВ

Скопје под снег, Вевчани под маски – разговор со градоначалниците во Централниот дневник на 1ТВ
  • 10.01.2019

Централниот дневник на 1ТВ го започнавме со линковско вклучување на Игор Стефановски чиј соговорник беше градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, кој ја опиша состојбата на скопските улици по дневните обини врнежи од снег.

-И во текот на вчерашниот и денешниот ден граѓаните се сведоци дека примарниот сообраќај во главните улици се одвива беспрекорно, иако во текот на денот заради тоа што има густина на сообраќајот службите не секогаш можат да работат заради тоа што автомобилите се покрај нив. Јас лично сум задоволен како градот во текот на овие два дена се справи со снежната непогода, рече Шилегов.

За состојбата на патиштата имавме вклучување и  од Владимир Печијарев од АМСМ, а за тоа што нѐ очекува во текот на ноќта и во текот на утрешниот ден линковски се вклучи и нашиот метеролог Славчо Поповски.

Првиот гостин во студиото беше Сашо Јанковски, градоначалник на Вевчани со кого уречничката Анета Кочишки зборуваше за претстојниот карневал.

-Вевчанскиот карневал викаме дека е најстар во Европа, повеќе од 14 века традиција, тој е отворен театар, сатира без режија, без сценарио. Оваа година се паѓа во викенд, очекуваме голем број посетители, а стартува во сабота со музичкиот дел, вели Јанковски.

За оние кои нема да го напуштат Скопје, во текот на викендот, МОБ подготви програма. На оваа тема линковски беше вклучена Бисера Чадловска, уметнички директор на МОБ.

-Во МОБ имаме наши традиционални концерти по повод Василица. Оваа година одлучивме тоа да бидат диско хитови од 70-тите години. Ние овој концерт го започнавме пред многу години како традиционален оперски концерт, но еднаш се обидовме да го промениме овој концепт и тоа беше неверојатно успешно и затоа продолживме со тој концепт. Оваа година Ќе настапат популарни македонски поп пеачи, рече Чадловска.

На крајот на централниот дневник, гостуваше и одбојкарот Дарко Ангеловски кој зборуваше за пласманот на македонските одбојкари на следното европско првенство во септември.

Back To Top