skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Катица Јанева ќе одлучува дали ќе ги изземе Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски од „Титаник 3“
Петнаесет-годишно момче се удави во Пчиња
Пожарот кај Пинтија ставен под контрола
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Скендеровски: Обвинувањата на екологистите за Југохром се несериозни- нека кажат имиња кој ги уценувал

Скендеровски: Обвинувањата на екологистите за Југохром се несериозни- нека кажат имиња кој ги уценувал
  • 05.07.2018

Југохром ќе се рестартира на крајот на годината со вградени филтри за пречистување на воздухот, тврди за 1Тв првиот човек на компанијата Васко Скендеровски. Обвинувањата на движењето „Еко- герила“ дека добивале закани и финансиски понуди со цел повеќе да не реагираат околу евентуалното стартување на „Југохром“ без да бидат доградени филтрите за пречистување на воздухот, ги оценува за несериозни. Бара имиња на поткупувачите и постапки, во спротивно смета дека екологистите имаат други сценарија.

Скендеровски тврди дека во изјавите Еко герила се ставаат над институциите.

Тој е категоричен дека се оди според планот и дека додека е на чело на компанијата,„Југохром“ нема да проработи без поставени филтри.

Скендеровски е свесен дека ќе имаат сериозни проблеми со кадар, на есен кога ќе почне враќањето на работниците, бидејќи дел веќе се иселиле во потрага по парче леб, а таквиот кадар е дефицитарен во земјава.

Инаку печките на „Југохром“ се изгасија во ноември 2016 година, после неколку неуспешни ветувања на раководството дека ќе постави филтри, како и прогледувања низ прсти и пролонгирања на рокови од претходната власт. По неколку месеци беа отпуштени и околу 600 вработени во компанијата, но со надеж и ветување дека пак ќе се вратат. Лани во октомври Југохром,Синдикатот и Владата  потпишаа и меморандум со рокови кога се ќе се спроведе,а лично вицепремиеерот Анѓушев се заложи дека ќе помогне да се рестартира комбинатот кој живот значи и за полошкиот регион и за целата економија. Според владата и компанијата се оди по планот кој предвидува до крајот на годинава печките на Југохром пак да проработат, но со вградени филтри за пречистување на воздухот, односно со А- интегрирана еколошка дозвола. Екологистите пак се скептици, тврдат дека некој нешто мати зад нивниот грб. Децидни се- дека нема да паднат на ничии манипулации.

Александра Филиповска

 

Back To Top