skip to Main Content

Силвија Стојановска: Би сакала да се направи истрага како заврши животот на Влатко Илиевски

Силвија Стојановска: Би сакала да се направи истрага како заврши животот на Влатко Илиевски
  • 09.07.2018

Во денешното Студио 1 на 1ТВ разговор со блиските пријатели и соработници на прерано починатиот Влатко Илиевски. Гости во студио се Силвија Стојановска, актерка, Бојан Гелевски и Марио Кузев од бендот „Акустик Дивижн“, бендот со кој Влатко Илиевски ги имаше последните клубски свирки.

На прашањето како Илиевски се појавува во животот на Стојановска вели, се сеќава на моментот кога го видела Влатко со ќерка и Ана на улицата „Максим Горки“.

„Сплет на околности, се запознаа и започнаа детска, емотивна љубовна врска, има 15 години од тогаш. Многу ме потсетуваше на Ана, како нејзина втора половина. Иста коса, очи, насмевки. Влатко беше многу позитивен“, вели таа. „Кога почна да доаѓа во театар, коментарите за него беа овој Влатче многу воспитано дете“.

Бендот пак раскажа дека средбата со Илиевски била сосема случајна во еден локал, многу природна, искрена без доза на препотентност, обична, другарски. На барање на Влатко тие прифатиле да бидат негов бенд и од таму излегло пријателството кое траело повеќе од 2 ипол години.

„Првата проба беше многу интересна работа, другарска, првата проба повеќе беше за нас како забава, иако професионалното знаевме да си го одработиме. Пред се како човек, како другар“, велат од „Акустик Дивижн“.

„Чукни во дрво“ е првата песна која секогаш се свиреше на проба, првата негова песна што ја научил на гитара, раскажаа Бојан и Марио.

„Не никогаш не спомнал дека сакал животот да го продолжи како актер во театар. На глума отсек. Заедно студираа со Ана во иста класа беа. Не сум осетила желба дека сака да стане глумец. Полека, полека стана комплетен уметник, пишуваше музика, текстови“, раскажува Стојановска.

„Имаше соработка со Јана, „Празни зборови“ е подарена песна од Јана за Влатко. Комплетен беше, не може ништо негативно да се каже за него“, раскажува таа.

За соработката со Ана во серијата „Од денес за утре“ актерката Стојановска вели дека во периодот кога се пдоготвувала и снимала, таа не била присутна во Скопје, но и паднало чудно дека ќе глумат брат и сестра со Ана.

„Влатче знаеше како фурија да се појави и да исчезне, ќе направи убава енергија, ќе ги шармира сите околу него и ќе замине. Ме викаше „мамо“. Не можам да се помирам со тоа дека никогаш повеќе нема да се гушнам“, емотивно вели Стојановска.

„Секоја можна минута во настапите. Всушност тој не глумеше тоа беше негова дарба, пред ,на и зад сцената беше ист. Се појавуваше со различни елеци, перики само да направи поразличен настап“, раскажаа од „Акустик Дивижн“.

Велат дека Влатко Илиевски бил човек кој сакал да направи театар од себе и околу себе, да привлече внимание, а да не е тоа нападно.

„Музиката му беше животот, дел од секојдневието. Постојано се зборуваше за музика, секоја желба беше споделувана. Сите песни ги знаеше, жив џубокс беше. Имаше многу познавање за музиката. Знаеше да запее и отсвири стара македонска песна што дури ние не ги знаевме. За седенките секогаш имаше џокер во рака да изненади“.

На прашањето дали тие се посомневале во објавите на социјалните мрежи, неговиот бенд вели: „За проблем конкретно не. Секогаш беше најпозитивен, не гледам спорно ништо во тие објави, тој постираше реплики од филм од песна. Неговиот фејсбук профил беше фб профил на ѕвезда“, велат Бојан и Марио.

„Јас би сакала да замолам да се направи една темелна истрага како заврши животот на Влатко,. Имаше во соопштението дека Влатко е најден по анонимна дојава на адресата. Јас верувам дека има начин со оваа техника јас навистина би сакала ако има нешто матно да се расчисти“, вели Силивија Стојановска.

Целосното емотивно интервју со Силвија Стојановска и Бојан и Марио од „Акустик Дивижн“ посветено на ликот и делото и сеќавањата на Влатко Илиевски, може да го погледнете во продолжение:

Back To Top