skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Денеска во 18 часот седница на ЦО на СДСМ за кадровските промени
Последен ден од изборите во ЕУ, првичните резултати пред полноќ
Од среда започнува пријавувањето за социјална помош во центрите
Торонто влезе во големото НБА финале
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Се остварија ли барањата на судската администрација по штрајкот во 2016 – Тема во „Правда и неправда“

Се остварија ли барањата на судската администрација по штрајкот во 2016 – Тема во „Правда и неправда“
  • 23.04.2019

Во поновата македонска историја, во два наврати, судската администрација го искажа своето незадоволство и презеде радикални чекори. Првиот пат во 2001 судовите беа блокирани цели 80 дена и вториот во 2016, кога останаа затворени цело 60 дена.

Постоеја најави и пред крајот на минатата година за нов штрајк, но тој не се случи. За тоа што се смени од тогаш, каква е соработката на Синдикатот со новата власт, на оваа тема во „Правда и неправда“ зборуваат синдикалниот лидер на работниците во правосудството Пецо Груевски и стручната соработничка во Основниот суд Штип Верица Тасева.

-Штрајкувавме 60 дена, а власта се оглушуваше на нашите барања. Прашањето не беше толку сериозно да не може да се реши и да бидеме игнорирани 60 дена. Се работеше за барањето и судските службеници да бидат изедначени со правата во поглед на додатоците на плата како што тоа го добија судиите, јавните обвинители и јавнообвинителските службеници. Некој како да ги заборави намерно, па моравме да ги потсетиме. Ни штрајкот не беше доволна опомена и согласно со законот, судските службеници беа казнети со намалување на платите за време на штрајкот за 40%, што им беше одземено незаконски, вели Груевски и додава дека со сегашната влада успеале да ги договорат измените на Законот за судска служба, но надоместоците сѐ уште не им се исплаќаат.

-Тоа е додаток на плата, не е зголемување на плата, во износ до 35%. Во тоа законско решение, исто како и во Законот за плати на судиите, стои дека претходна согласност по правилник изготвен и донесен од Судскиот совет, согласност треба да даде министерот за финансии. Кога стапи на сила законот, Судскиот совет го изготви правилникот и го достави до министерот за финансии за да добие согласност. Еднаш ни беше вратен со мали забелешки и по корекциите, правилниците се донесени. За жал, фати периодот за избор на претседател на државата, така што формално-правно, не може да се врши исплата на додатоци на плата ниту за судиите, ниту за судските службеници, објаснува претседателот на Судски совет Зоран Караџовски.

-Прв и основен проблем е платата, но тоа што предизвикува незадоволство кај сите вработени во судската служба е што забораваат надлежните дека работата во судовите е тимска. Просечната плата на судските соработници без стаж нема цели 25.000, со стаж се 27.000-28.000. Не сме само ние судските соработници заслужни. За да се заврши еден предмет на судија има цел тим вработени и помошно техничкиот персонал кои, благодарение на тоа што се зголеми минималната плата, дојдоа до 12.000. Во најголемиот број судови имаме поддршка со потпис од судиите, но немаше волја кај Судскиот совет за додатоците, вели Тасева.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top