skip to Main Content

Се ближи крајот на процесот и пресуда за собраниските инциденти

Се ближи крајот на процесот и пресуда за собраниските инциденти
  • 04.12.2018

Од наредната недела се очекува стартот на завршните зборови за судскиот процес за собраниските инциденти. За два во кривичниот суд ќе се презентираат доказите на Александар Василевски – Нинџа, негова одбрана и тројца сведоци, меѓу кои братот на Нинџа, Благоја Василевски и вработениот во УБК Дејан Димковски викан Боксер, кој според сведоштвата имал удел за крвавиот четврток. Во петок, ќе се презентираат дополнителните листи на докази, ако ги прифати судот. Дел од обвинетите не се одбранија. Игор Југ вели поради политичките повици влегол во собранието, но никој не го натерал. Прашан од обвинителката Вилма Русковска дали мислел и на Никола Груевски кој јавно го повика народот да ја земе судбината во свои раце а не по папучи да седи дома, Југ со одговор – мислам на сите функционери од директори до претседателот на државата, освен на пратеникот Антонијо Милошоски кој им давал поддршка. За Груевски рече дека бил добар премиер, ама лош лидер на ВМРО ДПМНЕ.

„За мојата партија јас сум ги вршел сите работи што човек од мој калибар може да ги изврши. Сум работел се, од лепење плакати, до обезбедување конгреси, без никаква материјална надомест. Јас сум од тие што веруваат во идејата. Гневен сум, се уште сум гневен на тие луѓе, но христијанството ме учи да им простам. И им простувам, ама жив нема да им заборавам“, рече обвинетиот Игор Југ во своја одбрана.

Вчера од обвинетите Захарие Симоновски, Стефан и Младен Младеновски произлезе информацијата дека поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, заедно со Александар Василевски – Нинџа, го координирале собранискиот упад во законодавниот дом. Оперативецот бил Александар Василевски – Нинџа.

Од МВР за 1ТВ велат дека поранешниот шеф на УБК Атансовкси од јуни минатата година нема ангажмани во министерството.

Паралелно, во обвинителството за организиран и криминал распити за изборот на  собранискиот спикер Талат Џафери.

„Како и секој граѓанин на Република Македонија и јас како Талат Џафери повикан од соодветната надлежна институција се одѕвав на поканата како што и е пропишана процедурата“, изјави претседателот на Собрание, Талат Џафери.

„Имаше мнозинство во салата со 61 глас беше избран и Талат Џафери е легитимен претседател на Собрание на Република Македонија. Тоа битолско здружение по желбата на едната политичка партија поднела кривична пријава до обвинителството за организиран криминал“, изјави пратеникот Горан Мисоски.

Кривична пријава за злоупотреба на службена положба и овластување против сите пратеници кои го поддржаа изборот на Џафери за собраниски спикер поднеле од битолското здружение за почитување на прописите.

Игор Стефановски

Back To Top