skip to Main Content

Селмани во Централниот дневник на 1ТВ: Реакцијата на Река е поради погрешно информирање

Селмани во Централниот дневник на 1ТВ: Реакцијата на Река е поради погрешно информирање
  • 05.04.2019

Гостин во Централниот дневник на 1ТВ беше Имер Селмани, претседателски кандидат од 2009 година и почесен конзул во постапка на Република Албанија. Селмани зборуваше за реакцијата на претседателскиот кандидат Блерим Река кој побара да го сменат Селмани од неговата функција како почесен конзул откако присуствуваше на конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски.

-Јас присуствував на конвенцијата на кандидатот Стево Пендаровски како поранешен кандидат од 2009 година кој првпат ја понуди идејата, односно визијата за претседател на сите и за сите. Тогаш се роди природно таа идеја. Добив поддршка и кај Македонци и кај Албанци и сум среќен што таа идеја после 10 години се институционализира. Пендаровски оди по патот кој започна во 2009 година и тој на конвецијата исто тоа го кажа. Во никој случај јас не бев поканет таму како почесен конзул и процедурата за ефективирње на мојот статус како почесен конзул не е завршена за сите постапки на нашата влада, истакна Селмани.

-Имав комуникација со амбасадорот кој јасно ги знае моите ставови. Јас не сум граѓанин на Република Албанија туку почесен конзул во постапка. Реакцијата на Река за кого имам високо мислење беше повеќе од недоволно информирање или погрешно информирање од неговиот круг на луѓе можеби намерно, додава Селмани.

Селмани зборуваше и за првото соочување на тројцата кандидати.

-Ја следев дебатата. Пендаровски остана во линија на политичар кој ги повторува ставовите за Македонија која оди напред и тоа ми се допаѓа. Таква порака и јас сум давал. Господинот Река иако има недостиг на политичко искуство има теортеско познавање и остава солиден впечаток. Госпоѓата Гордана остава друг впечаток, професорски се наметнува во однос на политичките пораки. Нема јасна политичка порака поготово за иднината. За минатото знае да елаборира, но за тоа како ќе се однесува нема сериозен одговор и мислам дека тоа е нејзин хендикеп, нагласува Селмани.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top