skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Тече рокот за нацрт-амандманите на Уставот, се најавува собраниско тело за помирување
Метју Палмер утре доаѓа во Македонија
За Русија остануваме Република Македонија
Трамп: САД ќе се повлечат од нуклеарниот договор со Русија
Саудиска Арабија призна дека Кашоги починал во Истанбул, 18 уапсени
Мексико ги отвори границите за жени и деца од „мигрантскиот карван“
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Одбележана годишнина од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила (Видео)

Одбележана годишнина од загинувањето на бранителите кај Љуботенски Бачила (Видео)
  • 10.08.2018

Во спомен на загинатите припадници на Армијата на Република Македонија кај месноста Љуботенски Бачила во 2001 година, делегација од Министерството за одбрана и Армијата на Република Македонија предводена од командантот на Полкот за специјални операции, бригадниот генерал Методи Хаџи Јанев, денеска положи цвеќе пред нивниот споменик во Љубанци.

Пред споменикот цвеќе положија и претставници на Kабинетот на претседателот на Република Македонија и Kабинетот на Владата, како и од општина Бутел,здруженија на загинати борци, семејства на загинатите и други.

На 10 август 2001 година, воено товарно возило на АРМ на патот кај месноста Љуботенски Бачила нагази на две противтенковски мини.

Животот го загубија Томе Бадаровски, Гоце Чанкуловски, Бранко Јанев, Томислав Настевски, Марјанчо Бошковски, Ивица Златевски, Томе Димовски и Раде Јанковски, сите припадници на резервниот состав на АРМ од гарнизонот Скопје.

Претседателот на Здружението на загинати бранители од 2001 година Владо Стојановски, рече дека Здружението ги штити интересите на семејствата на загинатите.

– Има уште нерешени прашања, се работи за вработување на деца, дел од обештетувањето не е завршено и станбено прашање. Тие се три клучни прашања, иако 97 проценти се завршени, не сакаме одредени семејства да бидат деградирани, туку сакаме да бидат изедначени како сите други, изјави Стојановски.

Претходно денеска цвеќе беше положено и пред споменикот во Волково.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top