skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

СДСМ и Беџети негираат дека е кандидат за консензуален претседател, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува и за парламентарни избори (Видео)

СДСМ и Беџети негираат дека е кандидат за консензуален претседател, ВМРО-ДПМНЕ се подготвува и за парламентарни избори (Видео)
  • 24.01.2019

Партиите се уште со внатрешни конслултации и калкулации за претседателски кандидати, во јавноста, пак, се повеќе шпекулации за можни наследници на Иванов.

Дел од медиумите денеска објавија дека ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети е еден од потенцијалните кандидати Албанци на СДСМ и ДУИ за консензуален претседател на државата, а во моментов раководствата на двете партии спроведувале интерни анкети дали Беџети би бил прифатлив за гласачите.

Од СДСМ ги отфрлија како неточни ваквите информации. Се уште траат внатрепартиските консултации, вели портпаролот Костадин Костадинов за 1ТВ.

(ТЕЛОП) – Не се точни информациите дека било кое име е дифинирано и усогласено. За постапката ќе се дебатира од петок, како и за процедурите, роковите и сите други работи поврзани со кандидатот за претседател, вели Костадинов.

Eкономскиот аналитичар Беџети за 1ТВ вели од медиумите слушнал дека е потенцијален кандидат за претседател на СДСМ и ДУИ. Иако не сакаше да даде изјава, во телефонски разговор ни изјави дека е изненаден од шпекулациите и никој од двете партии не го контактирал за олку сериозна работа.

Околу претседателските избори пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Емил Димитриев, денеска не сакаше да коментира дали ја поддржува кандидатирата на неговиот колега, Влатко Ѓорчев, за претседател потенцирајќи дека за тоа ќе одлучуваат партиските органи. Потврди и дека неговата партија се подготвува и за парламентарни избори.

– Секој има право да се кандидира. ВМРО-ДПМНЕ ќе организира конвенција, и за тоа ќе одлучат кандидатите. Јас не планирам да се кандидирам, барем за тоа можам да ви дадам конкретен одговор – рече Димитриев.

Пратеникот и член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев вчера  најави дека ќе се пријави на партискиот оглас за претседателски кандидат. Денеска поддршка за кандидатурата доби од својот колега пратеникот Антонио Милошоски.

Јана Јосифоска

Back To Top