skip to Main Content

Свиркачи има само треба да се охрабрат да го пријавуваат криминалот во сопствените редови

Свиркачи има само треба да се охрабрат да го пријавуваат криминалот во сопствените редови
  • 03.07.2019

Свиркачи има само треба да се охрабрат да го пријавуваат криминалот во сопствените редови, е еден од заклучоците од денешната работилница на тема „Дали се применува законот за укажувачите“ во организација на Транспарентност Македонија и НВО Инфо Центарот.

Софка Пејовска Дојчиновска членка на Антикорупциската комисија вели дека граѓаните слободно можат да се потпрат на Законот за укажувачи затоа што со него, тие се потполно заштитени. Според податоците на ДКСК за околу една година во комисијата се пријавени пет случаи од страна на укажувачи.

Ана Јаневска Делева од Транспарентност Македонија вели дека се’ би функционирало и подобро и поинаку додколку би постоеле уште укажувачи како што се Ѓорги Лазаревски и Ѕвонко Костовски, двајцата вработени во Петта управа на МВР кои на виделина ги извадија таканаречените бомби во кои се содржани разговори на владини функционери, судии, обвинители, новинари.

Сепак од петте случаи пријавени во Антикорупциската комисија еден од нив веќе има завршница. Станува збор за укажувач кој имал индиции за можен криминал во управата во која работел по што истиот бил разрешен од своето работно место и прераспределен на друго несоодветно место. Како што вели Пејовска – Дојчиновска по постапката што ја презела Антикорупциската комисија, укажувачот бил вратен на своето место.

Државната комисија за спречување корупција е единствената институција во која граѓаните може, надвор од својата институција во која што работат да пријават случаи на криминал, крупција или судир на интереси.

Искра Опетческа

Back To Top