skip to Main Content

Сведоштва на пожарникарите херои од спасувачката акција во Ласкарци – разговор во Студио 1

Сведоштва на пожарникарите херои од спасувачката акција во Ласкарци – разговор во Студио 1
  • 15.02.2019

Во фокусот на денешното Студио 1 беа пожарникарите кои ги спасуваа повредените во автобуската несреќа во Ласкарци. Владимир Симоновски, командант на противпожарната бригада Скопје и Владимир Кочовски командир на чета го раскажаа сето тоа што се случуваше за време на несреќата, за повиците на помош што ги добивале и како успеале да ги извлечат преживеаните.

-Прво испративме две возила веднаш од центарот во Автокоманда техничко возило со опрема за таков вид интервенции. Јас и командантот пристигнавме на лице место. Влегов во автобусот. Просторот беше тесен, беше тешко да се пријде. Се слушаа повици за помош од повредените. Почнавме со извлекување на повредните, беше темно немаше како да се интервенира. Имаше трудница, прво нејзе ја извадивме, беше заглавена, се работеше за присебна и храбра жена, ја одлглавивме со помош на хидрауличен алат, ја ставив на гради и ја извлеков надвор. Се движевме низ автобусот и насекаде имаше повредени и мртви тела, раскажува Кочовски.

Симоновски вели дека за време на целата ситуација се обидувале да ги смират сите.

-Беше тешко затоа што автобусот беше сплескан, моравме да пристапиме или со лежење или лазење. Имаше реакции од патник дека е заглевн, но тој всушност имаше посериозна повреда на долните екстремитети. Се обидувавме да ги смириме сите, вели Симоновски.

Кочовски раскажа како ги вадел луѓето од автобусот.

-Имаше ситуација со двајца загаинати и позади нив лежеше човек кој бараше помош. Моравме да ги вадиме прво нив за да дојдеме до повредениот. Со сите разговарав. Ги прашував дали чувствуваат болки во вратот, во нозете, и каков одоговор добивав така и ги изнесував. Беше тесно, со срчи. Пола од тие што ги изнесовме ги ставав на гради па се влечев наназад затоа што немаше место. Мене многу ми е жал за сите поврдени и загинати и се надевам дека и повредените ќе излезат на нозе здрави како што влегле тој ден во автобусот. Луѓето кои беа таму правеа непотребен притисок. Барав да се стишат за да ги чујам повиците на повредените, но сите тие луѓе имаат големо срце тие даваа се од себе да помогнат. Рече Кочовски.

Двајцата се согласуваат дека работат со застарена опрема, камионите се од 60-те години на минатиот век.

-Во едно мое обраќање кажав дека настојувам и ќе пристискам да се фомира парамедицинска служба во бригадата која ќе оди со нас паралелно и ќе дава прва помош да го подигнеме нивото малку повеќе да се подигне свеста кај граѓаните дека не доаѓаме да напраивме штета, туку буквално да спасиме животи. Ние доаѓаме до ситуации каде се обидуваат физички да нѐ нападнат, викаат по нас. Знаеме дека тоа е кога човек губи и бесот го истура на нас, рече Симоновски.

-Имаме камиони од 64-та, но имаме и пожарникари со најголеми срца. Со таа техника што ја имаме доаѓа во фокус само нашето големо срце, се надоврза Кочовски.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top