skip to Main Content

Салса во Венецуела, битка за превласт на Арктикот – анализа на светските случувања во Студио 1

Салса во Венецуела, битка за превласт на Арктикот – анализа на светските случувања во Студио 1
  • 07.03.2019

Актуелните случувања во светот беа во фокусот на отвореното Студио 1 со Дејан Андоновиќ. Првата тема беше Венецуела и нејзиниот претседател Николас Мадуро кој танцуваше салса.

-Денеска излезе информација во сите западни медиуми дека додека луѓето гладуваат, Мадуро го игра тој традиционален латино американски танц. Мадуро рече дека земјата нема да потпадне под тие империјалистички сили и повторно ги повика своите приврзаници на протести, рече Андоновиќ.

Втората тема на дискусија беше битката за превласт на Арктикот.

-Тоа е геостратешко место. Заложбата на Москва изминатите години е да воспостави контрола врз Арктикот на што Американците се противат. Ова место е важно поради трговските рути за полесно да се транспортираат стоки и услуги. Руската армија го зголеми своето воено присуство, на што Американците не се согласуваат, велат дека Арктикот е на сите, не само на Русите и ги предупредија дека може да дојде до воен судир, анализира Андоновиќ.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top