skip to Main Content

САД меѓу старата оградата и ѕидот на Трамп – Анализа во Студио 1

САД меѓу старата оградата и ѕидот на Трамп – Анализа во Студио 1
  • 09.01.2019

Во отвореното Студио 1, во делот посветен на светот, САД се во фокусот по обраќањето на претседателот Трамп од Овалната соба, за ѕидот што планира да го изгради на границата со Мексико и блокадата на федералната влада што ја предизвика спорот со Демократите.

-Ги обвинува Демократите дека не се подготвени да ја финансираат граничната безбедност, алудирајќи на ѕидот кој треба да ја заштити границата од латинска Америка кон САД. Демократите и некои Републиканци го обвинуваат дека сака да го изгради по секоја цена при тоа ја подрива националната безбедност со блокадата на 25-те национални институции на САД, анализира новинарот Дејан Андоновиќ.

Како што вели, до сега изгледаше како Трамп да бара да се изгради ѕидот, а Демократите не му дозволуваат, но САД одамна имаат жичана ограда на границата, а Демократите всушност не се против таа ограда, туку против ѕидот, што води до заклучок дека не се во прашање човековите права, туку колку ќе чини.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top