skip to Main Content

Рускоска: Отворена истрага против две лица за противзаконито влијание и перење пари

Рускоска: Отворена истрага против две лица за противзаконито влијание и перење пари
  • 15.07.2019

Во опсежна истражна постапка од мај годинава, со до сега прибраните докази, денес отворивме истрага против две лица за две кривични дела – примање награда за противзаконито влијание и перење пари од казниво дело.

Во моментов надлежните органи преземаат дејства за обезбедување докази и присуство на осомничените лица во постапката. Јавното обвинителство охрабрува и други лица кои биле изложени на вакви незаконити дејствија да пријават во Обвинителството, изјави државниот јавен обвинител Љупчо Јовевски.

Обвинителката Вилма Рускоска информира дека лицата се сомничат дека сториле кривично дело примање награда за противзаконито влијание, а едно од нив е осомничено за перење пари и други приноси од казниво дело, според кривичниот законик. Обвинителстовото од 2 мај водело предистражна пстапка при која се собрани вербални и материјални докази кои даваат основ против двете лица да се отвори истражна постапка.

-Од ноември 2018 до април 2019, првоосмничениот, користејќи го влијанието врз јавен обвинител, влијаел да се изврши дејствие со кое во истражна постапка ќе се олесни положбата на едно осомничено лице во таа постапка, а второосомничениот битно придонел со тоа што договарал континуирани средби и воспоставување контакт на првоосмничениот со сопругата на осомничениот во таа постапка и лично со осомничениот. На средбите ги уверувале сведоците во влијанието на првоосомничениот врз јавниот обвнител и за посредувањето во два наврати примиле вкупно 1 милион 5000 илјади евра. Средбите се одржувале на повеќе места, во домот на сведоците но и во домот на првоосомничениот. При овие средби од сведокот биле побарани прво 8 милиони евра да се запре истражната постапка, а доколку постапката не се запре, тогаш во насока на изнаоѓање на олеснителни околности, сведокот требало да исплати 5 милиони евра, со што веќе дадените еден милион евра, во вториот наврат влегувале во сумата. Првите 4 милиони евра било договорено да се исплаќаат сукцесивно на 4 месечни рати. Откако осомничените се посомневале во доверливоста сребдите и можноста за откривање на кривично-правниот настан повеќе не остварувале средби со сведокот во таа насока. За првоосомничениот се води истрага и за перење пари и други приноси од кривично дело затоа што претходно примените парични средства од примање награда за противзаконито влијание, ги пуштил во оптек како легално стекнати пари и со нив плакаќл одмор и купувал облека иако сето тоа ги надминува неговите приходи, рече Рускоска.

Таа потврди дека ОЈО доставило детално образложен предлог за определување мерка притвор за двете осомничени лица.

Back To Top