skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Русковска за 1ТВ: Завршена е истрагата за нарачателите за собраниските инциденти

Русковска за 1ТВ: Завршена е истрагата за нарачателите за собраниските инциденти
  • 21.05.2019

Истрагата за нарачателите за собраниските инциденти е завршена, вакво известување добиле осомничените за „крвавиот четврток“, вели за 1ТВ шефицата на обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

„Дел од нив изјавија желба да дадат сега исказ, иако им беше овозможено во текот на истрагата, меѓутоа, утре и задутре ќе бидат сослушувани. Имаме четворица осомничени и двајца за кого е прекратена истрагата кои се во бегство. Еден од осомничените даде изјава, утре и задутре двајца ќе даваат“, изјави за 1ТВ, шефицата на ОЈО за организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

Според извори на 1ТВ во организиран криминал исказ ќе дадат Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, а поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски, во исказот се бранел со молчење. За Атансовски, вели Русковска, предметот е споен со петтемина осомничени за собранискиот упад и ќе се гони со кривичното дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Додека обвинителството е во финална фаза да покрене обвинение за нарачателите на крвавиот упад од 27 април 2017 година, поранешниот премиер Никола Груевски кој е меѓу осомничените и понатаму не е баран од меѓународната полиција. Интерпол сè уште го нема објавено неговото име на потерницата. Последниот одговор беше дека оттаму прават испитување. Русковска го очекува Груевски да биде екстрадиран во земјава за да одговара за собраниските инциденти. Во меѓувреме, документите од албанското обвинителство не даваат детали за неговото движење.

„Во суштина ништо ново не добивме од колегите од Албанија. Добивме во насока на кој граничен премин излегол од Албанија при влезот на Црна Гора, тоа е се она што веќе е го имавме добиено од колегите во Црна Гора, така што не добивме ништо ново што не ни беше познато претходно“, вели Русковска за 1ТВ.

Груевски избега од државата по истечениот рок за да се јави во затвор, откако му беше потврдена двегодишната затворска казна за набавката на „мерцедесот“. По бегството доби политички азил во Унгарија, а процесите против него во земјава не запираат. Ваквите и слични големи истраги, не се најдоа во извештајот на обвинителката Русковска, која го презентираше пред Советот на јавните обвинители.

Игор Стефановски

Back To Top