skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Германски печат: ЕУ земјите подготвени да ја прифатат само Северна Македонија
Расмусен: Земјите од ЕУ не можат да ѝ ја негираат на Македонија иднината што ја бара
Шекеринска: Земјава за една година направи скок од 23 места во однос на стабилноста
Новата амбасадорка на САД во земјава положи свечена заклетва
Сведок од УБК: До системот за прислушување се пристапуваше и надвор од МВР, од поранешниот Аеро клуб
Министерството за правда ги објави извештаите од надзорот во судовите за АКМИС системот
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Руската Амбасада не одговара на провокатори – Вторпат реагираше милитантот Родионов на прилог на 1ТВ (ВИДЕО)

Руската Амбасада не одговара на провокатори – Вторпат реагираше милитантот Родионов на прилог на 1ТВ (ВИДЕО)
  • 11.11.2018

Уште една реакција пристигна од Андреј Родионов – рускиот милитант за чии активности во Македонија нашата редакција објави серија прилози. Со слична реторика, овојпат здружението РУСОВ, кое го води токму Родионов, одговори на нашиот прилог преку кој известивме дека службите ги следат милитантите во Македонија.

„Овие кловнови дури прашувале за нашето движење во Руската Амбасада во Скопје и Македонските безбедноски служби. Секако, Руската Амбасада не одговара на вакви провокатори, а безбедносните служби, очигледно им дале само формален одговор дека се е под контрола, бидејќи нашето движење е легално. Господ е секогаш на страната на вистината и правдата, затоа ни помага во нашето правично дело за обединување на сите Словени во еден Руско- словенски свет“ – реагираше здружението за Руско- словенско обединување и возродување.

Но одговор од Руската Амбасада ниту по две недели не добивме. Македонската полиција, иако не можеше да открие детали за конкретното лице, ни потврди дека ги следи активностите на такви милитантни, радикални или екстремистички групи.

За военото минато на Родионов, сведочат фотографиите кои сам ги објавува на социјалните мрежи. Оттаму и дознаваме дека две години се борел во воениот конфликт во Донбас под бајракот на Обединетите сили на Новорусија. Очигледно е дека гордо ги истакнува симболите од словенската митологија, кои ги користат и проруските сепаратисти.

За време на неговите турнеи низ Балканот, тој престојувал и во Македонија, каде бил на средби со неколку лица повеќе или помалку познати за јавноста. Во земјава дури потпишал меморандум за соработка со здружението Македонија и Русија.

Ниту едно од лицата кои ги контактиравме не одговори за да ги прокоментира објавите на Родионов, во кои тој самиот пишува дека заговара и работи на остварување на единство на словенските народи под руско крило.

Христијан Баневски

Back To Top