skip to Main Content

Рот за 1ТВ: На опозицијата и e тешко да ги признае успесите на власта (Видео)

Рот за 1ТВ: На опозицијата и E тешко да ги признае успесите на власта (Видео)
  • 15.09.2018

Михаил Рот, државниот министер задолжен за Европа во рамките на министерството за надворешни работи на Сојузна Република Германија, придружуван од германскиот амбасадор во земјава, Томас Герберих, денеска беше во посета на нашата телевизија, каде искористи прилика, низ разговор со раководството на 1ТВ, да се запознае со програмските и техничките капацитети на телевизијата. Тој даде и подолго интервју на колегата Сашо Орданоски.

Во видеото погледнете дел од интервјуто кое ќе во целост ќе биде објавено во понеделник 17.09.2018

„Можам да разберам дека на опозицијата и паѓа тешко да се согласи со владата и да каже дека владата направила нешто добро, но покрај сето она што е потребно во оваа дискусија тоа е дел од демократијата, да дискутирате, да разговарате едни со други, да има фер и јака конкуренција. Посакувам за главните прашање што се однесуваат за животот на луѓето, за Уставот, кои се однесуваат на европската перспектива да има консензус помеѓу политичките партии. За дискусија, за кавга има доволно простор. Во однос на ова прашање не се одговорни само претставниците на владата, туку и опозицијата и од таа одговорност никој не смее и не може да биде ослободен“, изјави Рот.

Back To Top