skip to Main Content

Ромскиот народ, минато, сегашност, иднина – разговор во Студио 1

Ромскиот народ, минато, сегашност, иднина – разговор во Студио 1
  • 03.04.2019

Во пресрет на Меѓународниот ден на Ромите 8 април, веќе утре Здружението на граѓани „Рома Верзитас“ организира настан со говори на студенти кои се дел од ромската заедница. За ова, новинарите Јана Јосифоска и Влатко Чаловски разговараат со Силхан Саитов, проект менаџер и Руфат Демиров, студент и учесник на настанот.

-8-ми април како историски и политички датум е значаен за ромскиот народ ширум светот и во меѓународни рамки, а особено е значаен затоа што, како што говори историјата, во минатото ромскиот народ се соочуваше со сериозни ропства, истребувања и погубувања од различни владеења во различни периоди од историјата. После тоа се забележува сериозна изолација и маргинализација на ромскиот народ во текот на Балканските војни и Првата светска војна. Дури во Втората светска војна се случува сериозен геноцид, целна политика да се истреби ромската заедница. Половина милион се погубени за тука некаде да се датира и првиот отпор на ромскиот народ во еден од концентрационите логори во мај и потоа продолжува некое помало политичко движење. За прво официјално политичко движење се смета Првиот светски ромски конгрес од 6 до 8 април во близина на Лондон. Тука се ставаат темелите на нашето самоопределување и заложбата за единство, објаснува Саитов.

-За младите, во оној дел на борбата на ромскиот народ за да добие свое признавање од страна на светот продолжува и до ден денеска. За жал, иако имаме официјален назив, Роми, се соочуваме и до ден денес со разни погрдни зборови и именувања на оваа група луѓе. Затоа младите ја продолжуваат онаа борба којашто нашите предци ја започнаа во 70-тите во Лондон, додава Демиров.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top