Coming soon
Coming soon
Coming soon
skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Докос за 1ТВ: Потребна е добра волја за спроведување на Договорот од Преспа
Нацрт законот за ратификација на Договорот од Преспа доставен во грчкиот Парламент
ОЈО го гони за убиство телохранителот на Мијалков
Анѓушев: Економијата ќе биде главен фокус на Владата за годинава
„Фич“ го потврди кредитниот рејтинг ББ со позитивен изглед за Македонија
Бизнисот против избори, бара фокусот да се стави на економската агенда
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

„Рома Рок Скул“ – музика во Студио 1

„Рома Рок Скул“ – музика во Студио 1
  • 08.11.2018

Идејата за „Рома Рок Скул“ почнува да се разврзува од септември 2017 година, а целта е на многуте талентирани деца да им се најде соодветна средина и нивниот талент да се приближи до секое поле на музиката, вели основачот Неврус Бајрам.

-Фолклорната и народната музика им е повеќе од јасна, па се обидуваме во нивниот животен стил да вметнеме малку поразличен музички свет, објаснува тој и додава дека иако најголем број деца доаѓаат со познавање за удирачките инструменти, застапени се и сите други, иако најтешко е да се најде бас гитара.

Првите проби на „Рома Рок Скул“ се одржуваат во основното училиште „Браќа Рамиз и Хамид“, многу блиску до смислата на гаражен рок бенд. Првичната идеја прераснува во сериозно училиште со свој амблем и идентитет.

-„Рома Рок Скул“ е правец во којшто истовремено ги негуваме рок музиката со фолклорни инфлуенци – кларинетот, тарабуки, малку поразлично свирење на основните инструменти како гитарите, но малку „исшљивувано“ со фолклорен стил. Бараме да донесеме нешто оригинално во светов, нов правец на музика, вели Бајрам и додава дека каде и да настапат, добиваат одлични коментари од публиката.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top