skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Брима: Македонците пооптимисти во светски рамки за меѓународните политики на САД, Русија, Кина и ЕУ
Спираки: Официјалното име на соседната земја е Северна Македонија, дискусијата за таблите е од мало значење
СДСМ и ДУИ бараат консензуален претседателски кандидат
За олеснување на трговијата и транспортот 26,2 милиони евра од Светска банка
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Розета Трајан во Студио 1: Дали „виси“ формирањето на Антикорупциска?

Розета Трајан во Студио 1: Дали „виси“ формирањето на Антикорупциска?
  • 09.01.2019

Розета Трајан генералниот секретар на Антикорупциска комисија беше гостин во Отвореното Студио 1, каде со домаќините Јосифоска и Чаловски зборуваше за прашања поврзани со работата на комисијата и новиот закон кој треба да се донесе.

Неполна година Антикорупциска функционира без членови, односно само со двајца, колку е тоа ризик за државата?

„Мислам дека голем дел од медиумите ја согледуваат работата на Антикорупциска, односно дека не постои не функционира, двајцата останати членови не доаѓаат на седници, бидејќи седници не се држат. Што се однесува до секретаријатот и сите колеги кои сме вработени, слободно можам да кажам доаѓаме секојдневно на работа и ја реализираме нашата работа. Не е нималку лесно да сте оставен повеќе од 10 месеци сами како институција и да ги слушате политичарите кои само декларативно зборуваат што побрзо да се формира ова тело. Сепак сум оптимист и ветувам дека овие 10 месеци ќе резултираат со солидно законско решение“, рече Трајан.

Јавноста постојано е на мета на Антикорупциска, се добива заклучок, особено кога се случија оставките на членовите на Антикорупциска комисија, дека е потребно нов закон. Денес требаше да се најде предлог законот на собраниска седница, но актуелни се уставните измени. Што е потребно за конечно да добиеме функционална Антикорупциска комисија?

„Не знаеме дали до сега некој укажал на фактот дека Антикорупциска заврши проект под покровителство на ЕУ во 2016 година за подобрување на антикорупциското законодавство. Ако се вратиме во период на оставките во 2018 година исправен е ставот дека треба да идеме со ново законско решение, но како и секоја работа која ќе започне од идеја до завршување е различно. Факт е дека е подобро да имаме Антикорупциска и членови кои ќе бидат избрани согласно новите критериуми и новиот закон“, објасни Трајан.

Целиот разговор за состојбата во Антикорупциска, проблемите со кои се соочува, контролата на функционерите и за враќањето на довербата на граѓаните, превентивната улога на државната комисија за спречување корупција, новиот закон кој треба да се донесе, дали ќе имаме Антикорупциска пред претседателските избори со цел контрола на државните пари за кампањи и за време на избори, како и телефонските јавувања од гледачи, погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top