skip to Main Content

Референдумот за влез во НАТО и другите алтернативи на Македонија

Референдумот за влез во НАТО и другите алтернативи на Македонија
  • 03.09.2018

За Германија е многу важно прашањето за евроатлантската иднина на Македонија, а 30.септември е шанса за влез во НАТО. За нас секогаш ќе останете Македонци кои говорат македонски јазик – ова е пораката на Специјалниот претставник на германското МНР за Југоисточна Европа, Турција и државите од ЕФТА, Кристијан Хелбах на денешната тркалезна маса насловена „Евроатлантска иднина за Македонија?”.

Според Хелбах, токму посетата на германската делегација на чело со канцеларката Ангела Меркел е доказ колку ова прашање е важно за НАТО и Европската унија.

Според министерот за надворешни работи на Република Македонија, за државата нема друга алтернатива освен членството во НАТО, а референдумот воопшто не е партиски прашање, туку како што вели државничко.

Тркалезната маса организирана од Институтот за европска политика, Институтот за демократија „Социетас цивилис” и Центарот за економски анализи во соработка со Аспен институтот од Берлин, денеска беше организирана со цел да се слушнат ставовите на различните страни, а иако поканет, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не присуствуваше.

Меѓу говорниците, сепак, учествуваше поранешниот претходникот на Димитров, Никола Попоски, кој пак упати критика кон власта, дека иако НАТО е заедничка цел, власта не трпела критика.

Но објаснувањата на Попоски, кој во дел од својот говор рече дека мислењето на опозицијата и не е толку важно ако власта веќе постигнала договор со Грција и организира референдум, беше пресретнато од Германецот Хелбах, кој му се обрати на Попоски дека на Европа и на Германија им е важно како размислува опозицијата со цел да се добие национален консензус за шансата, која како што рече специјалниот германски претставник, може да биде и единствена за евроатлантската перспектива на Македонија.

Back To Top