skip to Main Content

Ресурсен Центар: Половина од родителите стравуваат дека децата со посебни потреби може да бидат агресивни во одделението

Ресурсен Центар: Половина од родителите стравуваат дека децата со посебни потреби може да бидат агресивни во одделението
  • 25.04.2018

Како децата со посебни потреби да ги вклучиме во образовниот систем!? Бариери има многу, но како родители, наставници, држава мора да ги отстраниме пречките и предрасудите и да им дозволиме на децата да ги спојат своите светови. Ова беше порачано на денешната презентација на извештајот на Ресурсен Центар на родители на деца со посебни потреби „Бариери за образовна инклузија на децата со посебни потреби“ реализиран со помош на Фодацијата „Отворено општество“.

Извештајот открива дека една петина или на околу 20 насто од родителите им пречи во одделението да има дете со посебни потреби. Повеќе од половина од родителите на деца со нормален развој или 54,3 насто од испитаниците стравуваат од можноста дека детето со посебни потреби може да биде агресивно кон другите деца во одделението.

Како три клучни бариери во надминувањето на предрасудите за инклузина на децата со посебни потреби во образовниот систем од Ресурсен Центар ги детектирале во потребата од едукација на родителите на деца со посебни потреби и на деца со типичен развој, обука на наставниците и стручните служби и немањето на соодветни технички и кадровски услови во училиштата.

Истражувањето на терен е направено во четири општини – Битола, Велес, Прилеп, Валандово во десет основни училишта каде учат вкупно 8,771 деца од кои 81 е дете со посебни потреби.Опфатени се интевјуа со родители на деца со типичен развој, родители на деца со посебни потреби, наставници, педагошко-психолошка служба,претставници  од локална самоуправа, Министерство за образование, Биро за развој на образованието..

Инаку Македонија нема регистар колку деца со посебни потреби се вклучени во образовниот систем. За извештајот на Ресурсни Центар погледнете го видеото со изјавите на Радмила Цветковска- Национален координатор од Ресурсен Центар, Весна Дојчинова Андреева,-Национален координатор од Центарот и Вера Попчановска, родител на дете со посебни потреби и Претседател на здружението „Ретки и различни“.

Back To Top