skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Жрепка за редоследот на претседателските кандидати на гласачкото ливче
Власта и опозицијата со стари позиции во нов обид да се усогласат за СЈО
Втора средба на Заедничкиот комитет на експерти од Северна Македонија и Грција
Нови рочишта за „Монструм“, „Тарифа“ и „Триста“
МИМ ќе ја додели наградата „Никола Младенов“ за најдобра истражувачка сторија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Ременски во „Печат на неделата“: Нема помилување на организациската структура одговорна за „27 април“ – УБК била алатка во рушењето на Уставниот поредок

Ременски во „Печат на неделата“: Нема помилување на организациската структура одговорна за „27 април“ – УБК била алатка во рушењето на Уставниот поредок
  • 05.12.2018

Колку партиски агенди влијаат на процесот на евро-атлантските интеграциите? Прашањето на помирување во Македонија воопшто не е третирано и колку 27 април е позиција од која треба да се тргне за дерадикализација на македонското општество? Станува јасно дека постои организациска структура и чувство на изманипулираност на дел од обвинетите – кои се црвените линии во процесот на дебата?

Нема да се размислува за помилување на организациската структура и како овој процес може да влијае врз целокупното делување на таа мрежа во контекст на безбедноста во државава. Помирувањето е важен процес во Македонија и треба да се гледа низ призма на испорака на правда. Колку комисијата може да биде решение на равенката помирување вс. правда?

Околу последните актуелни случувања со апсењето на директорот на УБК, Ременска со став дека поставеноста на директорот на УБК во МВР, а потоа процедурата на комуникација во линиите на работа не може да го остави сам во одлукуте. Според неа, мислителот на процесот – кој се треба да се впрегне во таа мрежа, е друг. Токму тука треба да се концентрира Обвинителството, додаде Ременски.

Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, УБК во сценариото е алатка, а не сценарист и додава дека упадот на 27 е средство, а не цел. Според него целта била да се стави „шепа“ врз прогласувањето на воена состојба. И од судењето се гледа дека имало многу пиони“, вели Арсовски.

На прашањето каде настана проблемот за да не успее намерата на 27 април, потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ременски со одговор:

– Процесот не бил смислен да не успее. Јас мислам дека таа ноќ само Господ ја спаси Македонија. Тука потфрлија неколку ланци во изведбата – намерата била да се исклучат светлата во Собрание и да се создаде тотален хаос. Она што дава аргументи, а произлегува од сведочењата на Младеновски – организацијата за оружјето, командата, параполициската организиација отвараат друг процес и мислам дека ако сето ова се прифати како точно – дека УБК стои зад сценарото, мислам дека Управата требаше да се „пломбира“ истиот ден. Исто така зад настаните во „Монструм“ и „Диво насеље“ стои мрежа за предизвикување на радикални процеси и меѓуетнички судири кои би биле безизлезни.

Аналитичарот Арсовски вело дека доколку успееше сценариото за 27 април на Македонија же и се случеше тоталитарен систем или револуција. Спорд него  во тоа сценарио состојбата ќе ескалираше со жртви по што Иванов ќе прогласеше воена состојба.

Во каква ситуација се наоѓа сега ВМРО-ДПМНЕ? Бегството на Груевски…

На овие и слични теми и прашања одговори дадоа гостите во „Печат на Неделата“, потпретседателката на Собранието на Република Македонија, Фросина Ташевска – Ременски и политичкиот аналитичар Петар Арсовски.

Целиот разговор може да го погледнете во видеото:

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top