skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
1ТВ: ММА манипулира дека Основен суд – Скопје 2 и досудил оштета на 1ТВ
Могерини: Северна Македонија и Албанија во јуни треба да ги почнат преговорите со ЕУ
Репортери без граници: Северна Македонија останува на 95-то место според индексот за слобода на медиумите
Неформален состанок на генералните секретари за европски прашања на Грција и Северна Македонија
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Режисерката Бузалковска во Централниот Дневник на 1ТВ: Како се делат државни пари во културата?

Режисерката Бузалковска во Централниот Дневник на 1ТВ: Како се делат државни пари во културата?
  • 09.02.2019

Премиерот Зоран Заев најави дека дел од конкурсот за поделба на пари во културата ќе биде поништен откако изби скандалот со списоците на Министерството за култура.

Тој во својата изјава нагласи и дека организаторите на Џез фест не доставиле ниту еден документ, а веднаш потоа Оливер Белопета, основоположникот на Скопскиот џез фестивал се огласи на својот фејсбук профил со демант на премиерот.

Ресорниот министер Асаф Адеми се огласи од Германија и информираше дека сите одлуки за одбиени апликации ќе бидат поништени и повторно разгледани и доколку се утврдат недоследности, листата на поддржани проекти ќе биде дополнета.

По тој повод во Централниот Дневник на 1ТВ  гостинка беше режисерката Зоја Бузалковска која на самиот старт истакна дека на  социјалните мрежи не се прави разлика меѓу комисија за одлучување на проекти и советот за култура, кое е советодавно тело на министерот.

„Јас влегов во втората постава, којa се состана само еднаш и практично не работи како тело и ние немаме увид во тоа што се случува во министерството. Како што кажав на неколку места, имав импулс да излезам од министерството за култура. Имам чувство дека служиме таму само за параван и не ми беше јасен дел од составот, но тоа е друга приказна“, рече Бузалковска, која поентираше дека е неопходно самите институции на културата да ја креираат сопствената програма и да даваат отчет за да се види дали добро се наменети буџетските пари.

Целиот разговор со режисерката Бузалковска околу скандалот од резултатите од годишниот коннкурс на Министерството за култура, погледнете во видеото во продолжение:

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top