skip to Main Content

Разговор со Ронаи Шандор: Орбан е диктатор, треба да станеме против неговата Влада

Разговор со Ронаи Шандор: Орбан е диктатор, треба да станеме против неговата Влада
  • 21.11.2018

Господин Шандор, какво е Вашето мислење азилот на Никола Груевски?

Нашиот министер за надворешни работи, Питер Сијарто денеска призна дека унгарски дипломати го криумчареле поранешниот премиер на Република Македонија, му помогнале во бегството од затвор и да дојде овде. Според Демократската Коалиција, човекот на Орбан призна дека извршиле криумчарење на луѓе, учествувале во бегство од затвор и илегална миграција. Демократската Коалиија смета дека министерот за надворешни работи треба да се регистрира како организација за поддршка за миграција и да ги плаќа емиграциските даноци. Според правилата, таквите организации мора да се регистрираат и да плаќаат данок. Орбан и неговата влада да се регистрираат како таква организација. Според Демократската Коалиција, историски срам е што Виктор Орбан сака да ја направи нашата земја збирно место за корумпирани политичари и сродни криминалци кои ги напуштиле своите народи, па затоа мислиме дека само криминални партии кријат криминалци. Орбан Виктор е криминалец и се обидува да ги сокрие неговите криминални пријатели како поранешниот македонски премиер. Нашиот министер Сијарто лаже. Тој е лажго. Тој не даде вистински одговор зошто унгарските дипломати го пренеле поранешниот премиер во Унгарија. Унгарскиот министер не даде одговор како овој човек дојде во Унгарија од безбедна земја. Како може да дојде од безбедна трета земја без никаква контрола.

Дали ќе ја алармирате ЕУ?

Секако, како што ви кажав ова е прва влада во ЕУ која крие криминалци. Владата на Орбан е прва во историјата на ЕУ која крие криминалци и им помага да избегаат од затвор.  Затоа ќе се свртиме кон ЕУ и ќе побараме да ги истражат сосотојбите, бидејќи ова е многу голем проблем и историски срам за Унгарија и за Владата на Орбан.

Дали има правен начин да преземете нешто во врска со екстрадицијата бидејќи унгарскиот министер рече дека нема да го екстрадира Груевски во македонија. Дали може да направите нешто во врска со тој процес?

Не. Во Унгарија не бидејќи секоја контрола е во рацете на Орбан. Тој е диктатор. Тој контерлира се во Унгарија, мислам дека немаме други можности во Унгарија, само во Европската Унија.

Во мојата земја имаше протести и Шарена револуција против Никола Груевски. Дали мислите дека е можно нешто слично да се случи во Вашата замја против Орбан.

Се надевам, бидејќи Орбан Виктор е исто така криминалец, ја уништува земјата, ја уништува Унгарија. Орбан Виктор е против унгарскиот народ и е многу опасно да го поддржи вашиот поранешен премиер, бидејќи после овој случај секој криминалец, секој терорист ќе дојде во Унгарија бидејќи е пријател на Орбан Виктор. Мислам дека мора да станеме против ова и против владата на Орбан.

Кристина Атовска

Back To Top