skip to Main Content

Работата на ДКСК, оставката на Атанасов – во фокусот на Студио 1

Работата на ДКСК, оставката на Атанасов – во фокусот на Студио 1
  • 27.06.2019

Денешното Отворено Студио 1 со Елена Милошевска и Антонио Крстевски го започнавме со потсетување на вчерашното гостување на Софка Дојчиновска Пеовска.

Ставот на Антикорупциска дека постои конфликт на интереси во тоа премиерот да ја преземе и функцијата министер за финансии не е задоцнет, вели Дојчиновска Пеовска, член на ДКСК.

-Јавноста треба да знае дека Комисијата дејствува пост фестум и овој чекор, превентивно да укажеме на нешто што може да настане, а потоа да предизвика посериозни последици, е направен токму имајќи ја пред вид сериозноста на моментот. Ние го дадовме нашето соопштение до Собранието токму со тоа дека укажуваме на она што е утврдено во нашиот закон, којшто изрично ги набројува функциите што не може да се спојат една со друга, рече таа.

Во неделата беа објавени имињата од премиерската „метла“, но некои луѓе што не ги зафати решија да заминат сами. Заменик-министерот за образование во заминување Петар Атанасов беше гостин во Студио 1 каде ијави дека уште пред реконструкцијата дал на знаење дека заминува, но премиерот Зоран Заев рече дека оставката ја дал бидејќи не станал министер.

-Пред два часа и писмено ја потпишав мојата оставка. „Почитуван премиер, ве известувам дека давам оставка на позицијата заменик-министер за образование и наука. Причините за состојбите во образованието веќе ви ги образложив пред два месеца во вашиот кабинет, кога ви елаборирав дека образованието е девастирано и не може да се реформира со козметички измени. Потребни се храбри и големи чекори за промени во системот. Заради тоа, ви предложив дека ако сте подготвен да ми го понудите да го водам Министерството за образование, со задоволство ќе го прифатам тоа. Искрено жалам што тоа не се реализира. Сепак ви благодарам за шансата да ја извршувам функцијата заменик-министер во изминатите 10 месеци“, ја прочита оставката Атанасов.

Според него, улогата на заменик во министерството во нашиот систем е мала. Изминатите месеци бил соочен со илјадници барања, жалби и проблеми, со наставници и директори и како што вели, од него се барале решенија, но рацете му биле врзани.

Целиот блок од Отвореното Студио 1 погледнете го во видеото:

Back To Top