skip to Main Content

Пуштен во употреба Кримскиот мост (Фото и видео)

Пуштен во употреба Кримскиот мост (Фото и видео)
  • 15.05.2018

Четири години по руската анексија на Крим и две години по почетокот на изградбата, официјално е пуштен во употреба мостот што ќе го поврзува Полуостровот со Русија.

На отворањето на 19 километри долгиот мост присуствува и рускиот претседател Владимир Путин. Тој беше возач на еден од камионите од конвојот што прв го помина мостот.

Кримскиот мост има 4 коловозни ленти, а дополнително ќе бидат изградени и две железнички пруги.

Се протега низ Кречкиот Проток што ги дели Азовско од Црно Море и ги поврзува полуостровот Керч на Крим со полуостровот Таман на југот на Русија.

Изградбата му беше доверена на милијардерот Аркадиј Ротенберг, кој му е џудо партнер на Путин, а кога ќе биде довршена, не треба да надмине 2,9 милијарди евра.

Back To Top