skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Обвинител врши увид на местото на железничка несреќа во Хиподром каде што во судир на воз и автомобил загина припадник на МВР
Пет дена за барање за амнестија, законот не важи за организаторите и насилниците на упадот во Собранието
Во Кривичен продолжува судењето за „Титаник“
Продолжува комисиската расправа за предлог амандманите на Уставот
Димитров во Брисел на средба на КОРЕПЕР
1ТВ достапна на Тотал ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK

Пучот во Собранието и најновите моменти од „Титаник“ теми во Студио 1

Пучот во Собранието и најновите моменти од „Титаник“ теми во Студио 1
  • 07.12.2018

Во петочното отворено Студио 1 погледнете го кусиот преглед на разговорите и анализите предвидени за денешниот ден. Од вчерашната програма, се потсетуваме на разговорот на уредничката на денот Анета Кочишки со нејзината гостинка Зорана Костовска, претседател на хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ за спорот околу наследството.

Тема на којашто уредникот Александар Чомовски разговараше со своите соговорници е сведочењето на Александар Василевски Нинџа кој посочува на организатори и инспиратори на упадот во Собранието на 27 април.

-Доколку Генералштабот и Началникот на Генералштабот сакаа да ги проверат ваквите наоди имаа година и пол до сега и можеа да ги проверат. Тоа што се зборува во јавноста, како што е допрен глас до обвинителот, можеше да биде и допрен глас за Генералштабот за да ги провери наводите. Но и ако направите анализа на тие што го соопштуваат ова, на која функција биле на 27 април, многу работи ќе ви бидат појасни. Она што велите дека постои врска меѓу претседателот и Генералштабот е нормална, уставна категорија, тој е врховен командант, но никој не објасни многу елементи, меѓу кои и подготвувањето на вилата во Јасен за командно-штабните личности од државниот врв во моментите пред да се случи. Тогаш дознавме од новинарите, имаше многу дебати, зошто се подготвува баш сега, вели Пивоваров.

Во врска со информациите дека џиповите со кои располагаат специјалните воени единици биле брзо ставени во оперативна состојба, Пивоваров вели дека од разговори со вработени во објектите, за многу кратко време сите биле ставени во функција и треба да се проверат писмените докази за тоа кои биле во нивните посади.

-Погрешна беше информацијата дека воената полиција е на готовс. Ако беше прогласена воена состојба, специјалните сили, Волците, би биле тие кои би ја извршиле наредбата за апсење на политичкиот врв на СДСМ. Но притисокот од странците и неостварените желби за можни меѓуетнички или меѓупартиски судири, како што беше планирано, не даде основа претседателот Иванов да прогласи воена состојба, што впрочем го слушаме и во изјавите на лицата кои сега даваат исказ во судската постапка, објаснува Пивоваров.

Во отвореното Студио 1, новинарот Антонио Крстевски ги пренесе деталите од денешното рочиште за случајот „Титаник“ на СЈО.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top