skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Продолжува хуманата акција на 1ТВ и „Тинекс“ – семејството Димитриевски доби храна и основни производи за живот

Продолжува хуманата акција на 1ТВ и „Тинекс“ – семејството Димитриевски доби храна и основни производи за живот
  • 01.11.2018

По акцијата на 1ТВ и „Тинекс“ во Долно Лисиче, семејството Димитриевски доби ваучер, како и пакети храна и други основни производи за еден месец. 1ТВ и „Тинекс“ ја продолжуваат праксата за помош на оние на коишто им е најпотребна.

Уште за време на емитувањето на прилогот за тешкиот живот на самохраниот татко Слободан Димитриевски и неговите три ќерќи, хумана гледачка се јави во Студио 1 и понуди да му донира на семејството телевизиски приемник.

Инаку, тие живеат во тешки услови, во една недоизградена соба, а стравуваат од зимата бидејќи просторијата не е убаво изолирана и покриена и немаат приклучок за вода ниту тоалет. Најголема желба им е да добијат пристоен простор за живеење, со соби за децата во кои ќе можат да имаат приватност и мир за учење.

Сопругата на Слободан Димитриевски починала пред четири години од проблеми со срцето, а тој е невработен. До сега наоѓал повремена работа низ селото, колку да ги прехрани и да ги образува децата. Тој би сакал да добие постојано вработување, во прва смена, за да може да се грижи за девојчињата откако ќе се вратат од училиште.

Back To Top