skip to Main Content

(Видео) Притвор од 30 дена за екс директорот на УБК Владимир Атанасовски

(Видео) Притвор од 30 дена за екс директорот на УБК Владимир Атанасовски
  • 05.12.2018

Поранешниот шеф на УБК Владимир Атанасовски доби 30-дневен притвор од судија на претходна постапка, како што побара ОЈО, поради сомневања за бегство, влијание или повторување на делото. Се очекува тој секој момент да биде префрлен од Кривичниот суд во затворот во Шутка, откако обвинителството ќе ѝ го достави на неговата одбрана решението со објаснение зошто му е одреден притворот, јави репортерот на 1ТВ Игор Стефановски, кој го следи случајот пред Кривичен.

Пред затворот Шутка, доаѓањето на Атанасовски го чека репортерката Искра Опетческа. Како што информира, тој секој момент треба да пристигне, откако комбето тргнало од Кривичен, но може малку да се задржи поради присуство на полицијата во Чаир, која го запира сообраќајот во рамките на своите активности.

Атанасовски во Шутка ќе му се придружи во Шутка на неговиот претходник на чело на разузнавачката агенција, Сашо Мијалков, за кого СЈО побара притвор по повеќе обвиненија.

Инаку, обвинителката на ОЈО Вилма Русковска, пред малку изјави дека обвинителството ја донело одлуката за притвор по исказите пред судот на двајца осомничени за упадот во Собранието на 27 април, кои го посочија Атанасовски како организатор.

Back To Top