skip to Main Content

Притворот на Мијалков и бегството на Груевски – анализа во „Правда и неправда“

Притворот на Мијалков и бегството на Груевски – анализа во „Правда и неправда“
  • 21.11.2018

Не е вообичаена пракса во Македонија судиите да ги менуваат мерките за обезбедување, затоа што до сега биле почитувани, но сепак имало побегнати и екстрадирани лица. Сепак, во случајот со екс премиерот Никола Груевски станува збор за еден екстремно индивидуален случај за кој е заинтересирана целокупната општествена јавност во Македонија, смета судијата Лазар Нанев.

-Тогаш затаил целокупниот правен систем на Р. Македонија и одеднаш се паѓа во вода. Се менува целокупната слика. Тоа укажува дека институциите треба да преземат еден целокупен пристап, вели тој.

Гаранцијата за присуство не мора да биде преку мерка притвор, туку може да биде и обезбедување со имот, сметаат гостите во „Правда и неправда“.

-Кај дел од судиите се уште постои сериозна резерва околу определувањето на гаранцијата во делот на идентификувањето на имотот, неговото докажување во судската постапка и евидентирањето или валоризацијата од аспект на бегството на осомничениот. Многу тешко судиите се одлучуваат да ја прифаќаат гаранцијата. Статистички многу е мал бројот на гаранциите што се изрекуваат и многу често се бараат енормно високи износи за да се обезбеди присуство, вели Нанев.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top