skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Притвореникот од затворот Шутка, по инфарктот, без мислење од доктор бил вратен зад решетки

Притвореникот од затворот Шутка, по инфарктот, без мислење од доктор бил вратен зад решетки
  • 08.06.2018

Без обезбедена медицинска документација, која ја немал ниту обвинителот за да даде мислење, притвореникот Басри Ибраими после срцев удар и вграден стент бил вратен на „рехабилитација“ во затворот во Шутка. Иако требало по службена должност да постапи, судот го одбил и барањето на адвокатот на Ибраими, Александар Тумановски, а  Кривичниот совет немал решавано цели 21 ден,чекајќи ја докумантацијата. Kако што објави 1ТВ, адвокатот и семејството обвинуваат за нехуманиот третман од судот, за тетовчанецот Ибраими, чија голгота наместо да престане-продолжува по преживеаниот инфаркт во затворот. Дознаваме дека обвинителот што го водел случајот,откако добил празно барање без медицинска документација и мислење од доктор, истиот ден го вратил со негативно мислење и напомена да се обезбеди здравствената документација. Од судот вчера за 1ТВ изјавија дека го одбиле предлогот за укинување на мерката притвор,бидејќи на притвореникот му се заканува казна од најмалку 8 години затвор и лицето било отпуштено од болница во стабилна здравствена состојба.

-Кривичниот совет кој постапува по предлогот на одбраната на лицето за кое прашувате, истиот ден по добивање на медицинската документација од Затворот Скопје, неодложно постапил и донел одлука по предлогот. Согласно медицинската документација, лицето било отпуштено од болница во стабилна здравствена состојба и препорачан му е преглед за еден месец. Дополнително надлежниот Јавен обвинител по барање на советот дал негативно мислење во однос на предлогот , а со оглед на сериозните кривични дела кои му се ставаат на товар на лицето и запретената затворска казна од најмалку 8 години затвор за секое од делата, согласно Кривичниот законик, како и личните прилики на обвинетиот, советот донел одлука со која го одбил предлогот за укинување на мерката притвор. – стои во одговорот за 1ТВ од Основен суд Скопје 1 – Скопје.

Адвокатот во изјава за нашата телевизија реагира дека лицето ја издржува мерката во нехумани услови, без соодветна медициска нега која треба да ја добива постоперативно лице со влошено здравје. Според него судот треба да понесе одговорност поради не водењето сметка дека по закон за притвор се одлучува итно, а не после 21 ден. Како и дека нема дадено објаснување како лицето е вратено во притвор без тие да имат увид во тоа и да дозволат да продолжи мерката во такви услови.

Тумановски вели дека со случајот е запознат Народниот правобранител и Хелсиншки комитет и тврди дека ова е школски пример на непримена на мерката куќен притвор во случаи кога е неопходна.

1ТВ разговараше со братот на притворениот Ибраими кој тврди дека го нема видено по операцијата. Вели дека неправедно е во притвор цели 8 месеци, без да биде осуден.Тврди дека и затоа доаживеал инфаркт и стравува дека неговата здравствена состојба може уште повеќе да се влоши. Бара да му се определи куќен притвор за да може тој  да се опорави покрај најблиските.

Александра Филиповска

Back To Top