skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Бектеши – Азеведо: Северна Македонија е на вистински пат за отворена економија и економски раст
Неизвесна лидерската средба, Мицковски не гледа потреба да присуствува
Седница на собраниската Комисија за здравство
Земјотрес во Струмица, Валандово и околината
Пролонгирано заминувањето во затвор на Сеад Кочан, додека не се одлучи по неговото барање
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Претстојните претседателски избори во фокусот на Студио 1

Претстојните претседателски избори во фокусот на Студио 1
  • 11.04.2019

Денешниот прв блок од Отвореното Студио 1 со Елена Милошевска и Антонио Крстевски го започнавме со потсетување на дел од разговорот со политичкиот аналитичар Ибрахим Мехмети, кој со уредникот Ацо Кабранов дебатираа и анализираа дел од досегашната кампања за претстојните претседателски избори.

Мехмети со оценка дека првиот дел од кампањата е умерен, барем оној дел кој се однесува на претседателските кандидати.

„Другиот дел, кој што е на страна и што го водат политичките партии и симпатизерите на кандидатите, мислам дека е таму малку поживо. Тоа не мора да значи дека е позитивно, но очигледно е дека се води поголема битка за да се добијат симпатии, да се искористи битката за претседателски избори за нивните партиски конта, односно да се зајакнат партиските позиции на сметка на самите партии.

Понатаму се потсетивме на гостувањето на профеорот Ило Трајковски изразувајќи се со спортската терминологија смета дека во досегашниот дел од кампањата се уште не сме виделе „офсајт“ ситуации.

„До сега е прилично умерено и цивилизирано. Однесувањето на публиката е во ред. Тоа се должи делумно што политичките партии овој пат се, сакале или не, заради профилот на кандидатите, се уште не можат да се распламтат до крај и се надевам дека тоа ќе биде до крајот, рече во анализата во Отворено Студио 1, професорот Ило Трајковски.

Околу „нарцисоидноста во политиката и впечатокот дека се стиша антагонизмот помеѓу главните политички партии, Трајковски со став дека кандидатите имаат габарит да се држат мирни.

„Изборите во принцип се гладијаторски битки и борби, посебно во Северна Македонија, каде што влоговите се големи. Јас ја користев метафората со политичката нарцисоидност мислејќи пред се за политичките партии. Во последно време анализите што ги правам големо внимание посветувам кна колективните психолошки моменти. Политичките партии играат главно на емоциите и поминуваат преку тој емоционален филтер на информации кои се повеќе рационални“, вели Трајковски.

Околу самиот почетокот на кампањата која започна со еден емоционален набој па и елементи на говор на омраза и субцивилизациски говори за потоа да се „смири“ тонот, професорот Трајковски со став дека тоа е тактичка проценка и донекаде страв да не се одвратат граѓаните од гласањето.

„Можеби е тактичка проценка дека повеќе штета ќе му се нанесе на кандидатот. Фактот дека позади нив стојат претседателите на партиите сепак кажува дека резервоарот е тука. Тој се користи, но контролирано“, рече Трајковски.

Во продолжение видовме и дел од гостувањето на Натали Петровска од „Коалицијата сите за правично судење“, а тема беше одлуката на Апелацискиот суд да ја намали казната на возачот кој ја усмрти младата Фросина на булеварот „Партизански одреди“ од пет на три години, одлука која предизвика бурни рекации во јавноста.

На крајот од овој блок се потсетивме и на дел од разговорот со гостите во емисијата „Печат на неделата“ со Сашо Ордановски каде на темата „Депресијата, водечка ментална болест на модерното време – дали да се лекува или игнорира“, дискутираа психијатрите Димитар Боневски и Мице Дудучки и психологот Мирјана Јовановска-Стојановска, како и гостинката Стефанија Граовац, која го раскажа својот случај на хронична депресија и начинот на борба и справување со неа.

Целиот блок од Отвореното Студио 1 погледнете го во видеото:

Back To Top