skip to Main Content

Претседателските трки на кандидатите „ќе ги водат“ партиски лица

Претседателските трки на кандидатите „ќе ги водат“ партиски лица
  • 05.03.2019

Во претседателската трка специфично е што тројцата најсериозни кандидати според историјатот на начинот на кој гласачите го даваат својот глас, односно за поголемите партии, се универзитетски професори, што значи дека професорот Ѓорѓе Иванов, сигурно ќе биде заменет со друг професор.

Веќе познати се имињата на кандидатите за претседател на изборите закажани за 21.април поддржани од парламентарните партии. Стево Пендаровски ќе се трка како кандидат на владината коалиција предводена од СДСМ и со поддршка од ДУИ, Гордана Силјановска Давкова ќе се трка во име на опозициската коалиција која ја води ВМРО-ДПМНЕ, а Блерим Река е кандидатот поддржан од Алијанса за Албанците и Движењето Беса.

За потребите на сите тројца, кампањите ќе ги водат партиски лица.

Според очекувањата, шефот на Централниот изборен штаб на ДУИ, Изет Меџити во оваа кампања и партиски инженеринг ќе соработува со Александар Кирацовски, кој е шеф на Изборниот штаб на владејачката СДСМ.

Во ВМРО-ДПМНЕ, активностите во однос на кампањата главно ќе треба да бидат одобрени од генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев кој исто така е шеф на Изборен штаб.

Кај професорот Река, извори за 1ТВ велат дека се очекува доекипирање за развивање на стратегијата, кое се очекува да заврши утре. Она што е дефинитивно, е дека утре ќе биде објавено името на човек од доверба на Река која ќе соработува со шефовите на изборните штабови на Беса и Алијансата на Албанците.

Декларативно, сите партии се залагаат за фер и демократски избори и за реторика која би требало да ја отсликува програмата и идејата на претседателот да биде ист за сите, но искуството покажало, неретко, дека говорите во кампањите се базираат на успесите и неуспесите на своите главни противкандидати.

Она што според анкетите на организациите кои го испитуваат јавното мнение, може да се забележи, е дека граѓаните сепак имаат свој приоритет. Вредностите кои ги бараат се чесност, чувството за одговорност и толеранција, односно способност да ги смирува спротиставените страни, а таквите доминантни вредности на кандидатите, ќе треба да се извлечат од кампањите на терен.

Во меѓувреме, ДИК работи на подготовката на изборите, а од власта се уверени дека изборите ќе бидат фер и регуларни.

Претходните изборни циклуси на претседателски трки не поминале без скандали и обвинувања за изборни нерегуларности и купени гласови.

Back To Top