skip to Main Content

Прекрасна бела ноќ во Санкт Петерсбург (Видео)

Прекрасна бела ноќ во Санкт Петерсбург (Видео)
  • 23.07.2018

Белите ноќи се интересен феномен што го предизвикува северната географска локација на Санкт Петерсбург на 59° 56′ степени северно (речиси исто како Осло во Норвешка, јужниот `рт на гренланд и Сјуард на Алјаска). Санкт Петерсбург е најсеверниот град на светот со население над 1 милион и таму сонцето не се спушта доволно под хоризонтот за да се стемни небото.

Иако Белите ноќи не му се својствени само на Санкт Петерсбург, никаде на друго место во светот не добиле толкава поетска и литературна слава. И што може да биде поромантично од прошетка на бреговите на Нева и на каналите на утринска светлина во кое било време од денот?

Ниеден друг европски град не може да се рамни со ова искуство ниту со атмосферата на улиците на Санкт Петерсбург во летните месеци – ведар, пријателски, романтичен и полн со луѓе дење-ноќе.

Од крајот на мај, до почетокот на јули, улиците во градот се светли, а Белите ноќи обично траат од 11 јуни до 2 јули. Тогаш ноќта станува толку блиска со денот, што властите не ни мораат да ги вклучат уличните светилки.

Back To Top