skip to Main Content

Прв центар за ментален фитнес во Македонија – разговор во Студио 1

Прв центар за ментален фитнес во Македонија – разговор во Студио 1
  • 10.05.2019

„Ментал крос фит“ е прв фитнес центар за ментално здравје, инцијатива на Ана Солебо, психолог и окупационен терапевт која живее и работи во Стокхолм. Во Отвореното Студио 1 со Јана Јосифоска и Влатко Чаловски, Солебо зборуваше за целта на „Ментал крос фит“, неговата програма и како да се поддржат луѓето повеќе да одат и да бараат помош кај стручни лица.

-Идејата се роди на почетокот на оваа година кога бев на одмор во Азија, на Бали и во таа тишина на џунглата ја доживеав оптималната состојба на мозокот и размислував за оној тренинг крос фит и дојде случајно идејата – Зошто не и „ментален крос фит“? Обично ние кога ќе дојдеме до депресијата бараме помош, а превентивната работа е многу е потребна, истакна Солебо.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top