skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Беља и Демири осудени на 19 години затвор за убиството на Саздо
Двајцата претседателски кандидати очекуваат победа во вториот круг
Евакуирана Операта во Сиднеј поради истекување на гас
Ден на национална жалост во Шри Ланка
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Првиот македонски електричен автомобил и неговите творци гости во Студио 1

Првиот македонски електричен автомобил и неговите творци гости во Студио 1
  • 12.02.2019

Гости во отвореното Студио 1 се творците на првиот македонски електричен автомобил – светска технологија под хаубата на добро познатото „фичо“.

-Пред да го почнеме проектот, имавме две идеи. Првата беше да биде класичен автомобил и втората да биде мало градско ауто. Тоа беа двата мотива што не тераа да направиме електичен автомобил. Зошто „фичо“? Кога размислувавме со нашиот тим, во игра беа „фичо“, „буба“, „нсу принц“ и „рено 4“. Го одбравме „фичото“ бидејќи сепак во периодот од 50-тите па до крајот на минатиот век беше многу популарно, не само во поранешната држава Југославија, туку во целиот свет, објаснува Милорад Китановски од „ББ Класик Карс“ и додава дека до сега биле произведени 5 милиони примероци, па лесно било да се дојде до делови.

„Фичото“ беше презентирано и во Италија, на саем на класични возила, каде што имало одличен прием.

-Беа многу изненадени Италијаните кога дојдовме со ова возило, прво дека е електрично, а не само дека е реставрирано. Посетителите беа воодушевени од нашата работа и труд. Тоа дополнително ни потврди дека сме на добар пат да го донесеме во Македонија и да го претставиме пред потенцијалните купувачи, вели Ален Јегени од „ББ Класик Карс“.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top