skip to Main Content

Прашањето на помирување и контраверзиите на општествените разлики – разговор во Студио 1

Прашањето на помирување и контраверзиите на општествените разлики – разговор во Студио 1
  • 21.05.2019

Дали премиерот Зоран Заев мултукултурализмот како светски процес го редефинира како интеркултурализам и дали сме општество на сите? На оваа тема во Отвореното Студио 1 со уредникот Александар Чомовски зборуваше публицистот Линдита Карлиу.

-Тие кованици се само убави реченици за да се привлечат донации, да се земат пари за проекти. Мултикултурализмот или како и да се нарекува треба да биде состојба на свест. Оние земји каде припадноста нема значење, туку значење има квалитетот на личноста не прават вакви проекти. Горе-долу во личните релации го имаме тоа и овде и луѓето во секојдневието функцинираат добро. Мултикултурализмот во Скопје најубаво е пресликан во Чаршијата, истакна Карлиу.

Смета дека и во општественото милје како и во политичкото функционирање закон треба да е нормалноста.

-Во периодот кога пишував за Дневник и со студенти кога разговаравме како да се изгради Македонија дали да се бега или да се остане тука, околу 80% од студентите сакаа да емигираат, а јас им велев ако добрите одат како ќе ја биде оваа држава. Сега веќе не мислам така. Не може човекот да бара од никого да седи и да чека. Македонија ми личи на пластична играчка. На адолесценти да ја дадеа државата ќе направија држава од ова, рече Карлиу.

Целиот разговор можете да го погледнете во видеото.

Back To Top