skip to Main Content

Пратеничката тројка кои гласаа „за“ негираат закани и поткуп, судењето за „27 април“ продолжува в четврток

Пратеничката тројка кои гласаа „за“ негираат закани и поткуп, судењето за „27 април“ продолжува в четврток
  • 22.10.2018

Нема одговор пратениците дали имале притисоци кои во петокот го притиснаа зеленото копче „ЗА“ уставни промени. Сашо Василевски и Крсто Мукоски не сакаа да коментираат. Но, нивниот колега Љубен Арнудов тврди дека немал притисоци, демантира дека за неговиот глас земал пари.

„Сега одиме во суд, легално да докажеме дека немаме врска и вина со ништо. За сите судскиот процес треба да биде во правилна насока. Писмото е многу добро, луѓето препорачувама добро да го анализираат“, изјави пратеникот Љубен Арнаудов, кој е обвинет за собраниските инциденти.

„Денеска имаме рочиште ќе имаме можност да разговараме на оваа тема“, кусо изјави пратеникот Крсто Мукоски, обвинет за „27 април“.

И дел од обвинетите без коментар за гласањето на пратениците.

„Изневерени? Сите сме ние браќа“, кусо изјави Богдан Илиевски.

„Јас немам струја, немам телевизија. Не знам што се случува“, вели Мунир Пепиќ.

Во судницата првпат беа презентирани видео снимки од медиумите и од безбедносните камери. Од пред една година Крсто Мукоски си го виде собранискиот говор кога ја пееше македонската химна, а обвинетите со потсмев гледаа кон него. Од безбедносните камери, според обвинителството, се виде организирањето за упадот во собранието пред скопски локал. Таму обвинителството ги потенцираше Александар Василевски – Нинџа и Никола Митревски – Кољо. Снимките внатре од Собрание откриваат како со насоки Крсто Мукоски и Сашо Василевски ги отвораат собраниските порти, еден од обезбедувањето ги враќа гредите назад, но Василевски повторно ги трга и ги шутира. Откако толпата влегува внатре. Припадник на собраниското обезбедување, Елена Доцевска Божиновска која е обвинета за упадот во законодавниот дом, според обвинителството ја повикува и ѝ дава насоки на толпата каде да се движи. Адвокатите со приговори зошто се пуштаат само снимки кои им одговараат на обвинителството. В четврток во „скопска единица“ повторно ќе се презентираат видео снимки.

Игор Стефановски

Back To Top