skip to Main Content

Пратеник од Собранието објави песна која инстантно стана хит на Балканот (ВИДЕО)

Пратеник од Собранието објави песна која инстантно стана хит на Балканот (ВИДЕО)
  • 11.07.2019

Лабинот Тахири – Лаби, е пратеник во косовското Собрание веќе две години, но тоа што го прави познат е неговиот ангажман на музичката сцена со години наназад.

Пратеникот, кој несомнено е меѓу топ-пејачите на албанската музичка сцена, вчера објави и нова песна. Тој е познат пејач не само во Косово туку и меѓу Албанците во Македонија.

Песната која ја објави e со наслов „Бумеранг“, таа е ритмична и летна и по сè изгледа ќе стане и хит, имајќи ги предвид прегледите во Јутјуб.

Ова е вториот музички проект на косовскиот пратеник за две недели.

Тој беше избран како пратеник од редовите на партијата на Беџет Пацоли, но подоцна стана дел од пратеничката група на Алијансата за иднина на Косово, на косовскиот премиер Рамуш Харадинај.

Слушнете како звучи песната:

Back To Top