skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева ќе сведочи пред Русковска во 10 часот во вторник
Јанева негира дека дала наредба за претрес на обвинителите
Обвинителот Рустеми сведочи во ОЈО
Стефанова за комуникацијата меѓу Јанева и Камчев: Не сум експерт за криминал
Скопје и Софија ја интензивираат соработката во одбраната
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

По сторијата на 1ТВ: Екипа на ЕВН на терен кај семејството Зафировски

По сторијата на 1ТВ: Екипа на ЕВН на терен кај семејството Зафировски
  • 11.05.2018

Тимовите на ЕВН на терен го посетиле семејството Зафировски – сторијата за седумгодишните близнаци Тони и Тео кои во 21 век пишуваат домашно на свеќа. По објавата на 1ТВ, екипа на компанијата кон која семејството должи за изминативе години најави дека ќе го дислоцира старото броило на безбедно место, а на Зафировски ќе им понуди поволности за излез од мракот.

„Ние ќе му помогнеме на семејствоото како што помагаме на сите социјални случаи во земјата. Старото броило е сопственст на родителот на Велко и од 2006 година наваму има само една уплата. Долгот е над 11.000 евра, а имаат и прекршок направено, односно се самоприклучувале. ЕВН останува отворена за решавање на проблемот, а поволностите треба да ги искористат за да се надмине цалата состојба, односно заостанатите сметки да ги плакаат на рати“ – велат од ЕВН.

Семејството Зафировски се надева на помош од хуманите граѓани, бидејќи нивните месечни примања едвај ги покриваат основните месечни трошоци и потребите на близнаците Тони и Тео.

Условите во кои тие живеат се под секое човечко достоинство – Полско ве-це, под од бетон, без купатило и кујна. Апарати за домаќинство добиле како донација од хуманите граѓани кога за првпат се слушна нивната приказна, но тие само го красат нивниот скромен дом, бидејќи не можат да ги приклучат без струја. Тоа велат, им претставува најголем проблем.

Како и секое дете, седумгодишните близнаци Тони и Тео имаат желби. Функционални велосипеди, но и книги за да ги подобрат оценките на училиште.

Семејството Зафировски кое срдечно не пречека, не испрати со надеж дека до нив ќе допре некој од хуманите граѓани со помош за излез од мракот – нивниот најголем проблем со кој се справуваат веќе неколку години.

Back To Top