skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Грчки воени авиони почнаа да прелетуваат на небото над Македонија за потребите на НАТО мисијата „Air Policing“
Заев: Ќе има политичка криза ако не добиеме датум за преговори
Бродот на мирот со порака за Договорот од Преспа пристигна на атинското пристаниште Пиреа
Китанов: Автопатот Миладиновци-Штип, според проектот, е готов
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

По пресудата, 16 осудени за „27 април“ префрлени во Шутка

По пресудата, 16 осудени за „27 април“ префрлени во Шутка
  • 15.03.2019

Од 17 обвинети за нападите на Собранието на 27 април 2017 година 16 од нив од вечерва се наоѓаат во притвор во истражниот затвор „Скопје“. Така одлучи судечкиот совет од Основниот суд Скопје 1 по изрекувањето на пресудата за случајот во кој сите 16 беа осудени на затворски казни од 7 до 18 години седумнаесетиот еден од водачите на движењето „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски беше ослободен од обвинението. На одлуката за притвор не влијаеја аргументите што одбраната и осудените ги наведоа во обраќањата до судот како што беше на пример дека дел од нив немаат ниту имот ниту пари па оттука и не постои никаква можност тие да избегаат надвор од државата.

Обвинителката од Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција, Ивана Трајчева изјави дека со ваквата одлука на судот правдата е задоволена.

По одлуката, судијата Добрила Кацарска веднаш им ги издаде решенијата за притвор на 16 осудени по што следеа реакции од нивните бранители. За некои од нив изрекувањето на мерката притвор е драконска, за некои незаконска а за некои пак надвор од секоја смисла.

На одлуката на судот како за изречените затворски казни така и за мерката притвор осудените имаат право на жалба пред Апелацискиот суд Скопје.

Искра Опетческа

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top