skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Премиерот Заев на форум на „Фајненшал тајмс“ за земјите од Западен Балкан
Министрите од ЕУ повторно на состанок околу преговорите со Северна Македонија и Албанија
Могерини-Шекеринска: За нашата земја не постои никаков аргумент дека нешто не е исполнето
Фазлиу на состанокот на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Северна Македонија и Комитетот на региони на ЕУ
Форум за антикорупциски реформи во Скопје
САД испраќаат околу илјада војници на Блискиот Исток поради „иранската закана“
ОН: Светот до 2050 година ќе брои 9,7 милијарди луѓе
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Потребни се конкретни мерки против детската сиромаштија – „Меѓаши“ гости во Студио 1

Потребни се конкретни мерки против детската сиромаштија – „Меѓаши“ гости во Студио 1
  • 11.01.2019

Детската сиромаштија е глобален проблем и може да се каже дека не постои држава во светот која не се соочува со овој феномен. Ја има и во развиените држави, иако е многу поизразена во неразвиените или државите во развој, вели Катерина Конеска од Првата детска амбасада Меѓаши.

-За Македонија, статистиката говори дека 22,2% од населението живее во сиромаштија, која е поизразена кај семејствата со повеќе деца или семејствата во кои децата живеат со само еден родител. За децата, статистиката вели дека околу 30% од децата во Македонија се соочуваат со сиромаштија. Кога би ја додале бројката на тие што се во ризик за сиромаштија, тоа ни е доволен показател дека сиромаштијата е еден од феномените со кои треба да се справуваме не само на национално, туку и на меѓународно ниво, вели Конеска.

Како што вели таа, на СОС телефонот за деца и млади 0800 1 22 22, регистрираат повици за можни прекршувања на детските права и според податоците на „Меѓаши“ во 2013 година ги добиле најголем дел од дојавите.

Целиот разговор погледнете го во видеото.

Back To Top