skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Јанева со полициска придружба замина за Гевгелија
Законски нејаснотии кој ќе управува со СЈО по приведувањето на Јанева
Судењето за „Монструм“ одложено за 5 септември
Се запали автубус на ЈСП во Ѓоче Петров
Косовското Собрание се самораспушти, се очекува датумот за избори
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV

Постапката за „Музејот на ВМРО“ со нерегуларности од почеток до крај (Видео)

Постапката за „Музејот на ВМРО“ со нерегуларности од почеток до крај (Видео)
  • 10.07.2018

Комисијата која ја чешлаше целосната документација на „Музејот на ВМРО“ утврдила низа нерегуларности. Прекршени се повеќе прописи меѓу кои Законот за буџет и негово спроведување, прекршен бил и Законот за музеј бидејќи не е изработен елаборат, а со прогласување на музејот за културно наследство, прекршен е уште еден закон. Донка Барџиева Трајковска која е дел од комисијата, во прашање ја доведе и компетентноста на луѓето кои учествувале во овој проект.

-Kомпетентноста на историчарите кои учествувале ја доведувам во прашање, затоa што, кога станува збор за музеј, надлежни се музејските работници. Тие се професори и можеле да учествуваат во изборот и концепцијата на одреден дел од поставките, меѓутоа во случајов не се појавуваат кај оригиналните документи туку ги најдовме во изработките на проектните програми за восочните фигури и таканарачените уметнички слики со историска содржина, вели Барџиева, која е историчар на уметност.

Комисијата и нејзините членови предлагаат до министерството за култура од името да се извади „Музеј на ВМРО“ и „Музеј на жртвите на комунистичкиот режим“. Следната препорака е изработка на нова историска поставка во музејот бидејќи повеќе простор треба да им се отстапи на оригиналните документи а да се намали бројот на восочни фигури. Идејата со овие предлози е музејот да се насочи на сегашноста и иднината и да пропагира соживот наспроти поделби во општеството.

Целата музејска поставка концепциски е поставена театарски да речам, каде што не добивата впечаток дека сте во музеј туку како на театарска сцена да се наоѓате. Оригиналните предмети се губат или се на многу мал дел во просторот сместени, вели историчарот Александар Литовски.

Литовски вели дека во еден поглед станува збор за партиски музеј, поради тоа што од 13 оддели, осум се направени за историјата на ВМРО, а во нив направен е континуитет од 1893 година до 1991 година иако ставот на историчарите е дека во неколку наврати тој континуитет е прекинат.

За заклучоците се обидовме да добиеме став и од директорот на музејот, Бранислав Светозаревиќ, меѓутоа тој не одговори на нашите телефонски повици. Останува сега Минситерството за култура да ги прифати и спроведе препораките на комисијата.

Антонио Крстевски

Back To Top