skip to Main Content

Посетата на Столтенберг и пораката која со неа се испраќа до земјите членки на НАТО – во фокусот на Студио 1

Посетата на Столтенберг и пораката која со неа се испраќа до земјите членки на НАТО – во фокусот на Студио 1
  • 27.05.2019

Денешното Отворено Студио 1 со Јана Јосифоска и Антонио Крстевски го отворивме со потсетување на разговорите со Сабина Факиќ и Љупка Илиевска Самарџиска кои во петочното издание на Студио 1 говореа за проблемот кој е се уште присутен во македонското општество – фаворизирање на големиоте фирми и немањето промена во начинот на кој што се водат тендерите.

Понатаму погледнавме дел од гостувањето на Директорот на ЈП за државни патишта ,Зоран Китанов, со кого разговаравме за проблемот со автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид кои претходната влада ги најавуваше како грандиозни инфраструктурни проекти какви што немало во последните 50 години. Но СЈО подоцна покрена постапка дека со нив буџетот е оштетен за околу 155 милиони евра, а се доцнеше и со изградбата и со пуштањето во употреба, а некои уште не се ни завршени. Во изминатите две години од големите проекти СДСМ го пушти во употреба само Демир Капија-Смоквица. Според Китанов, полесно да се направи отколку да се поправи.

На тема „Изборите во Европскиот парламент, посетата на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Скопје и оставката на британската премиерка Тереза Меј“, погледавме и дел од разговорот со политичкиот аналитичар Исмет Рамадани, за кого посетата на Столтенберг практично значи порака до земјите кои сѐ уште не го ратификувале протоколот за членство на Северна Македонија во НАТО, тоа да го направат што е можно побрзо.

Целиот блок од Отвореното Студио 1 погледнете го во видеото:

Back To Top