skip to Main Content

„Посакувам да сними хит и да најде мир во 2019 година“: Цеца проговори за односот со Драгана Мирковиќ (ВИДЕО)

„Посакувам да сними хит и да најде мир во 2019 година“: Цеца проговори за односот со Драгана Мирковиќ (ВИДЕО)
  • 20.12.2018

Цеца откри детали од немилиот настан.

Светлана Цеца Ражнатовиќ и Драгана Мирковиќ веќе со денови ги полнат насловните страници поради непланираниот и многу непријатен момент кога се случила средба помеѓу двете пејачки на снимањето на новогодишната емисија на РТС, а Цеца вчера се огласи на нејзината слава по повод овој настан.

Имено, таа одлучи да сподели се што ѝ лежи на душа, а се однесува на колешката.

„Вие имавте можност да ја слушенете снимката. Јас слабо слушам, бев на поминување, се враќав од снимање. Драгана седеше покрај мојата гардероба и јас тука морав да поминам. Искрено, кога некој ве коментира со години во лош контекст, директно и на многу лош и провиден начин, ги коментира моето семејство, кариера и мене – не очекувајте ни да ви се јави. Она го направи тоа, видовте со каков тон и со таков тон ѝ беше возвратено. Без никакви лоши намери, јас не сум таква личност“, изјави Ражнатовиќ.

И покрај тоа, Цеца ѝ посака да има блескава нова година.

„Веќе со години се зборува – никој не може никому да поклони кариера, ниту пак да биде виновен за сликата на истото. На засегнатата колешка ќе ѝ посакам се најдобро, како и сите години назад, вие сте мои сведоци. Никогаш не сум кажала некој лош збор, ниту имам потреба за тоа. Од срце ѝ посакувам да си сними хит и да најде мир во 2019 година“, додаде Цеца.

Back To Top