skip to Main Content

Попоски: По топлото лето, не чека постудена зима отколку претходните години

Попоски: По топлото лето, не чека постудена зима отколку претходните години
  • 19.09.2018

Црноморската депресија или поле на низок воздушен притисок беше причината за нестабилното време ова лето во Македонија и пошироко, а истото ги потисна масите на топол воздух на кои сме навикнати кон северните земји, објаснува Славчо Попоски, самоук метеоролог.

-Сега сме во поле на висок воздушен притисок, стабилна и невообичаено топла маса, која ќе потрае отприлика до понеделник. Температурите ќе бидат над просекот, некаде и за 7 до 8 степени повисоки од просечните. За викендов и во понеделник во централните и југоисточните делови од државава температурите да се искачат и до околу 35 целзиусови степени, прогнозира Попоски.

Тој вели дека нема причина за паника зимава, но ќе биде постудена отколку изминатите години, со повеќе врнежи, на снег и на дожд. Сепак, како што објаснува, најпрецизни прогнози може да се направат 3 до 4 дена нанапред, а се понатаму се трендови и нагаѓање.

За неговиот интерес сам да се образова во областа на метеорологијата, за климатските промени, но и за тоа како ја предвиде водената бомба што ги предизвика скопските поплави, погледнете повеќе во видеото.

Back To Top