skip to Main Content

Полјаците водат војна низ Скопје, над 200 приведени во масовната тепачка во градски парк

Полјаците водат војна низ Скопје, над 200 приведени во масовната тепачка во градски парк
  • 07.06.2019

Додека се очекува стартот на натпреварот Македонија-Полска, полските навивачи продолжуваат со меѓусебните пресметки низ Скопје. Попладнево тие се тепаа во Градскиот парк.

Во масовната тепачка помеѓу две групи навивачи од Полска, од страна на полицијата приведени се над 200 лица кои се однесени во различни полициски станици. Нивниот хулиганизам е одамна добро познат и македонската полиција ги дочека подготвена.

Едната група облечена во бели маица, а друга во црвени предизвикаа масовна тепачка.

Инаку, полските фанови мирно доаѓаат на стадионот во Скопје, а полицајците се одлично екипирани и во голем број го обезбедуваат стадионот.

Се очекуваат преку 20.000 гледачи за време на натпреварот, но заради распределбата по сектори, помала е веројатноста за инциденти на стадионот отколку низ градот и по скопските улици.

Back To Top