skip to Main Content

Полска ги испрати комунистичките споменици во отпадот на историјата (Видео)

Полска ги испрати комунистичките споменици во отпадот на историјата (Видео)
  • 30.04.2018

Речиси 70 години, импозантен споменик на советската Црвена Армија доминираше над плоштадот во полска Легница. Во градот познат како Мала Москва беше сместена најголемата советска база во Полска за време на Студената Војна. Но неодамна, во раните утрински часови, споменикот на сталинистичката пропаганда беше одвлечен во складиште, заедно со уште десетици други, според законот за декомунизација.

-Во Полска нема место за статуи на Сталин или на Хитлер. Може да ги слават во други земји или на други континенти, но оваа земја претрпе сталинистички и нацистички геноциди, вели Мачеј Коркуч, директор на Полскиот национален институт на сеќавањето.

Но некои Полјаци сепак ги гледаат спомениците со сентименталност.

Како деца си игравме мачка и глувци или криенка околу него. Не му пречеше никому, секогаш беше атракција, изјави Матеуш Јаблонски, жител на Малборк.

Три децении подоцна, десничарската влада е решена да ги отстрани сите остатоци од комунизмот во Полска. Со контроверзни реформи на судството што ги критикуваше и ЕУ планира дури и чистки на судиите. Москва го гледа отстранувањето како неблагодарност, но сега Полјаците градат нови споменици, како овој во Варшава. Подигнат е во спомен на полската делегација што загина во авионската несреќа во 2010 во Русија, што ја предводеше Лех Качински, братот на лидерот на владејачката Право и Правда, Јарослав Качински.

Back To Top