Позајмици, хипотеки, стечаи и банки – случајот „Банки“ во „Правда и неправда“

Двајца гости во вечерашната „Правда и неправда“, двајцата тврдат дека се оштетени и измамени, но од оној другиот. Пред неколку месеци на едниот му се запали џипот, а против вториот пред десетина дена имаше обид за присилно исфрлање од станот. Третиот невидлив гостин што не можеше да дојде во студиото, но е длабоко инволвиран во овие должничко-доверителски односи се банките. Досието „Банки“ во изминатите неколку години беше актуелно во повеќе наврати, но истрагата е сѐ уште отворена.
Уредничката Гордана Дувњак разговараше со Кираца Трајковска, која долги години во бизнис круговите важеше за десна рака на Штерјо Наков од „Фершпед“, но пред неколку години се раздружија непријателски, за што многу пишуваа и медиумите, како и архитектот Златко Тодоров, сопственик на „Кубус“, за којшто некои велат дека е контроверзен градежник.
Целата емисија „Правда и неправда“ можете да ја погледнете во видеото.
1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.