skip to Main Content
ТОП ВЕСТИ
Продолжува судењето за „Титаник“ на СЈО
Кандидатите за технички експерти на интервју во собраниската комисија за надзор на следењето комуникации
Димитров во Грац на дебата за Преспанскиот договор и евроинтергацијата
Павлопулос: Грција ја поддржува европерспективата на Северна Македонија, но потребно е да се исполнат предусловите
Неофит: Ќе направиме се за целосна радост на нашите македонски браќа
НАЦИОНАЛНАТА ТЕЛЕВИЗИЈА 1ТВ СИТЕ ГЛЕДАЧИ МОЖАТ ДА ЈА СЛЕДАТ НА КАБЕЛСКИТЕ ОПЕРАТОРИ: MAXTV; VIP; TELEKABEL; NEOTEL; ONE.VIP; TOTAL TV
ЗА СЛЕДЕЊЕ НА ПРОГРАМАТА ВО ЖИВО: WWW.LIVE.1TV.MK
ПРОСЛЕДЕТЕ ГИ СИТЕ ВИДЕО СОДРЖИНИ НА YouTube КАНАЛОТ НА 1ТВ

Поделени реакции за претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ

Поделени реакции за претседателскиот кандидат на ВМРО – ДПМНЕ
  • 18.02.2019

Не стивнуваат реакциите по повод изборот на професорката на Правниот факултет на УКИМ Гордана Силјановска-Давкова за претседателски кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Освен мнозинството членови делегати на Конгресот во Струга кои ја изгласаа Силјановска-Давкова за свој претседателски кандидат отворена поддршка до сега професорката Силјановска-Давкова доби од Социјалистичка партија во чие соопштение меѓу другото пишува дека изборот на професорката е резултат и на изграденото внатре-партиско единство и сплотеност, како и на коалициското разбирање и взаемно почитување.

Честитики и успешна кандидатура и посака и Петар Богојески од Реформистите на ВМРO-ДПМНЕ кој сепак забележува дека тој не ја памети Силјановска-Давкова како негова сопартијка и од неа бара одговори на неколку прашања меѓу кои дали името  Република Северна Македонија е реалност или не, дали го подржува членството на РСМ во НАТО, дали е начисто со како што вели Богојески “грујовизмот” и дали ги потврдува нејзините ставови од времето на “Студентскиот и професорскиот пленум” и “Шарената револуција”?

На официјалниот фејсбук профил Слијановска-Давкова ја објави честитката за изборот и желби за успех како претседателски кандидат од Дорис Пак претседателка на Унијата на жени на Европските народни партии и претседателка на европскиот комитет за култура и образование.

Владеачката коалиција пак е против кандидатурата на Силјанова-Давкова.

Иронична е реакцијата на Демократската Фракција на ВМРО ДПМНЕ која ја поздравува како што велат тие големата победа на раководството на ДПМНЕ на партиската конвенција и изборот на кандидат за претседател на претстојните претседателски избори.

„Испиленото кукавичко јаце во гнездото на ДПМНЕ и партиските камикази учествувајќи на изборите за претседател на Северна Република Македонија ќе ја остварат историската победа на ДПМНЕ над соработниците на Зоран Заев“, велат од демократската фракција на ВМРО – ДПМНЕ.

За сега Силјановска-Давкова е единственото познато име кое ќе се бори за претседателаката функција на изборите закажани за 21 април годинава.

Искра Опетческа

1tv.mk: Преземањето на авторски содржини обајавени на оваа страница е дозволено само делумно (маx. до 30 насто од содржината) и со ставање хиперлинк до содржината којашто се цитира. Непридржувањето до ова правило ќе значи крадење на информациите и соодветно ќе се санкционира од страна на BMJ Мedia Group, согласно позитивните законски норми.

Back To Top